Достапни линкови

Обама нема да има билатералка со Путин


Путин и Обама на самитот Г8
Путин и Обама на самитот Г8

Руската одлука да му се одобри барањето за азил на Едвард Сноуден ги затегна американско-руските односи.

Белата куќа соопшти дека американскот претседател Барак Обама нема намера да одржи тет-а-тет средба со неговиот руски колега Владимир Путин идниот месец. Заменик-советникот за национална безбедност Бен Роудс рече дека руската одлука да му се даде азил на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден дополнително ги оптоварува билатералните односи меѓу двете земји.

„Претседателот и неговиот тим за национална безбедност едногласно одлучија дека организирање на средба нема смисла со оглед на моменталната ситуација“, рече Роудс.

Обама сепак ќе присуствува на самитот Г20 во Санкт Петерсбург.

Претседателот и неговиот тим за национална безбедност едногласно одлучија дека организирање на самит нема смисла со оглед на моменталната ситуација
Бен Роудс, помошник советник за национална безбедност.
Вашингтон бара Сноуден да биде екстрадиран во САД каде ќе му се суди за шпионажа. Хакерот обелодени детали од американските програми за следење комуникации. Русија му одобри азил на Сноуден во времетраење од една година. Портпаролот на белата Куќа Џеј Карнеј изјави дека американските власти се многу разочарани од ваквата одлука.

Шефот на меѓународната организација „Фридом хаус“ Дејвид Крамер вели дека со оглед на ситуацијата, има повеќе причини за откажување на самит и билатерални средби меѓу американскиот и рускиот претседател:

„Насобраните инстанци на злоупотреба на човековите права, различните гледишта на двете страни околу Сирија, несогласувањата околу ракетниот штит и други прашања се причини поради кои американскиот пртетседател може да ја „прескокне“ посетата на Москва“, вели Крамер. Според него, Обама не треба да присуствува на зимските олимписки игри кои ќе се одржуваат во Сочи во Фввруари догодина.

Дел од аналитичарите сметаат дека Соединетите Американски Држави не треба да ги прекинат односите со Русија, но треба да завземат цврст став по одредени прашања.
XS
SM
MD
LG