Достапни линкови

Оштетениот мост над Дебарското Езеро ќе се реконструира


Мостот кој е долг 380 метри, има оштетени најмалку два носечки столба, но оштетувања има и на асфалтот, тротоарите и на дел од конструкцијата. Реконструкцијата треба за започне за еден месец.

Мелничкиот мост кај Дебар, инаку еден од најдолгите во Република Македонија, изграден пред повеќе од 40 години над Дебарско езеро, по изградбата на акумулацијата на езерото и хидроцентралата „Шпилје“, има големи оштетувања. Овој мост, кој е долг 380 метри, има оштетени најмалку два носечки столба, но оштетувања има и на асфалтот, тротоарите и дел од конструкцијата. Но сепак до сега не е воведена забрана за товарни возила и покрај тоа што надлежните институции укажуваат и информираат за сериозни оштетувања.
Не. Поради оштетувањата на мостот никогаш не се воведени забрани за товарни возила. Поради ваквата состојба неопходна е брза санација –реконструкција на целиот мост.
Петрит Пачуку, раководител на Одделението за урбанизам и градежништво во општина Дебар.

Локалната власт во Дебар повеќе пати укажувала на неопходноста за реконструкција на овој стратешки мост за Дебар, но и пошироко во регионот, вели Петрит Пачуку, раководител на Одделението за урбанизам и градежништво во општина Дебар.

„Состојбата на мостот не е како што треба. Веќе имаме многу налегнувања на него, пред се поради теренот каде што се поставени носечките столбови на мостот и лизгање на теренот на едната страна, поради што има и оштетувања на Мелничкиот мост.“
Очекувам од прилика за еден месец да започнат и работите над мостот кој е на влезот од градот Дебар. Станува збор за санација на столбовите, на асфалтот над мостот, ќе има зајакнување на тротоарите, еластичната ограда, уредување на светлечките тела кои биле поставени кога се градел мостот. Реконструкцијата очекуваме да го врати сјајот на мостот каков што бил пред 40 години.
Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за државни патишта на Македонија.

РСЕ: Воведени се забрани за тешки товарни возила по утврдување на оштетувањата?

„Не. Поради оштетувањата на мостот никогаш не се воведени забрани за товарни возила. Поради ваквата состојба неопходна е брза санација –реконструкција на целиот мост. Мостот над езерото треба брзо да се санира пред се поради две причини. Првата е поради тоа што мостот овозможува најкраток пат кон Скопје и второ – над овој мост е и цевководот на регионалниот водовод Росоки –Дебар од кадешто Дебар се снабдува со вода.“

Деновиве мостот над Дебарско езеро кој е изграден пред четири декади во близина на локацијата каде што беше познатиот Горенечки мост над реката Радика, го посети директорот на Агенцијата за државни патишта на Македонија Љупчо Георгиевски и притоа најави брза целосна реконструкција на мостот. Георгиевски изјави дека се обезбедени и средства за реконструкција на мостот.

„Во периодот што измина е изработена проектната документација за санација на мостот, кој повеќе од 40 години не е реконструиран. Деновиве проектната документација е готова, а таа доби и позитивна ревизија. По распишаниот тендер избран е и изведувачот. Очекуваме да се потпише договор и со фирмата која ќе врши професионален надзор, кој ќе ја следи работата на изведувачот на работите на мостот. Очекувам од прилика за еден месец да започнат и работите над мостот кој е на влезот од градот Дебар. Станува збор за санација на столбовите, на асфалтот над мостот, ќе има зајакнување на тротоарите, еластичната ограда, уредување на светлечките тела кои биле поставени кога се градел мостот. Реконструкцијата очекуваме да го врати сјајот на мостот каков што бил пред 40 години.“

РСЕ: Обезбедени се средства за реконструкција на мостот ?

„Да. Обезбедени се еден милион евра и тоа од буџетот на Република Македонија.“

Според локалните институции, најмногу влијание во оштетувањето на мостот над езерото, преку кој се одвива и сообраќајот кон Албанија, бидејќи во близина е и граничниот премин Блато и обратно, имаат тешките товарни возила кои минуваат над мостот и неколку пати на ден.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG