Достапни линкови

Претресуван Никола Наумоски, за МВР сè е според закон


Никола Наумоски, активист.
Никола Наумоски, активист.

Граѓанскиот активист Никола Наумоски денеска бил претресуван од полицијата во Градскиот Парк во Скопје. Тој се сомнева дека претресот е поради неговиот ангажман во невладината „Плоштад Слобода“. Во МВР велат дека полицајците постапиле според закон.

„Ништо не е случајно“ беше единствeното објаснувањето што ми го даде полицаецот откако ме претресе во скопскиот Градски Парк, вели Никола Наумоски, активист во граѓанската организација „Плоштад Слобода“. Тој денеска изјави дека без причина возило го пресретнало во паркот и полициски службеници во цивилна облека извршиле претрес на неговиот ранец и неговата облека.
Кога прашав зошто ме претресуваат тој ми рече проверување на ранецот не било претрес. Побара да му покажам што имам во пантолоните и дуксерот. Во паркот беа присутни луѓе, пензионери и родители кои што ги шетаа своите деца во паркот, мене ми ги креваа маицата и пантолоните и направија да изгледам како криминалец пред целиот парк. Откако видоа дека нема ништо ми ја вратија личната карта и ми рекоа дека можам да си одам. Прашав зошто баш јас сум запрен, полицаецот ми рече дека ништо не е случајно.
Никола Наумоски, граѓански активист.

„Кога прашав зошто ме претресуваат тој ми рече проверување на ранецот не било претрес. Побара да му покажам што имам во пантолоните и дуксерот. Во паркот беа присутни луѓе, пензионери и родители кои што ги шетаа своите деца во паркот, мене ми ги креваа маицата и пантолоните и направија да изгледам како криминалец пред целиот парк. Откако видоа дека нема ништо ми ја вратија личната карта и ми рекоа дека можам да си одам. Прашав зошто баш јас сум запрен, полицаецот ми рече дека ништо не е случајно“, вели Наумоски.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Портпаролот на Министертвото за внатрешни работи Иво Котевски вели дека полицијата постапува искучиво според законските ингеренции за поголема безбедност на граѓаните без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не и оти полицијата ќе продолжи во иднина „неселективно да ги применува своите овластувања за легитимирање и проверки“.
Точно е дека лицето коешто го споменувате е едно од повеќемината кои денеска беа легитимирани. Со направените проверки не беа констатирани никакви елементи на прекршочно или кривично дело, така што не се преземени никакви дополнителни мерки. Инаку целосна измислица се пишувањата на некои одредени интернет портали дека наводно лицето било соблечено пред минувачите.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

„Точно е дека лицето коешто го споменувате е едно од повеќемината кои денеска беа легитимирани. Со направените проверки не беа констатирани никакви елементи на прекршочно или кривично дело, така што не се преземени никакви дополнителни мерки. Инаку целосна измислица се пишувањата на некои одредени интернет портали дека наводно лицето било соблечено пред минувачите“, вели Котевски.

Наумоски не сака да верува дека ова му се случува само нему, затоа што, како што вели, ова е честа појава.

„Тоа што полицаецот одбиваше да ми каже зашто сум запрен и ми даваше таков неодреден одговор „Ништо не е случајно“ ме тера да помислам дека има некаква врска со мојот политички ангажман, односно со ангажманот на „Плоштад Слобода“, а од друга страна, пак, би бил порадосен да се работи за тоа, а да не се работи за профилирање на млади луѓе кои што на полицајците им изгледаат како да немаат што да прават во паркот, па помислуваат дека се џепароши, педофили или наркомани“, вели Наумоски.

Котевски вели дека Наумоски досега нема упатено никаква претставка до секторот за внатрешна контрола и професионална стандарди.

„Доколку цени дека има причина за тоа, секторот му стои на располагање, во спротивно ќе се покаже дека повторно станува збор за уште еден обид политички да се нападне и оцрни полицијата и службените лица кои професионално ги извршуваат своите задачи. Времето на селективо постапување на полицијата, и давање налози за тоа кој смее, а кој не смее да биде легитимиран одамна заврши“, вели Котевски.

На прашањето како според закон се врши претрес и дали треба да му се објасни кога е запрен од полиција и зошто е запрен, Котевски ја повтори реакцијата за случајот и одговори дека доколку нема пријава од негова страна до секторот за внатрешна контрола, тогаш ова ќе се смета дека за обид за политички напад врз полицијата.

Според последните измени во законот за полиција од минатата година, во членот 61 кој се однесува на стопирање, легитимирање, преглед, односно претрес на лица и превозни средстава е наведено дека полициски службеник е овластен да изврши преглед односно претрес кога постојат основи за сомневање дека кај нив ќе се најдат предмети кои потекнуваат од кривично дело или прекршок.

Според законот, под преглед се подразбира надворешна проверка на облеката и други предмети и доколку лицето на барање на службеникот доброволно ги отвори багажот или предметите што се бараат од него.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG