Достапни линкови

Египет повторно на крстопат


Протести на Тахрир во Каиро
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

Протести на Тахрир во Каиро

Политичката криза го тресе Египет додека на улиците на Каиро и во други градови имаше масовни протестите против владеењето на претседателот Мохамед Морси. Засега ултиматумот на армијата за комромис меѓу владата и опозицијата не дава резултат.

Претседател на Египет Мохамед Морси вели дека тој ќе се држи до својот план за помирување. Соопштението од неговиот кабинет следува по вчерашниот ултиматум на Армијата до владата на Морси и до опозицијата во кој се бара да се изнајде компромис во рок од 48 часа. Генерал Абдел Фатах ал Сиси изјави:
Армијата го повторува апелот до политичките партии да се справат со националните барања. Имаат ултиматум од 48 часа за се справат со оваа историска ситуација.
Абдел Фатах ал Сиси, Египетски генерал.

„Армијата го повторува апелот до политичките партии да се справат со националните барања. Имаат ултиматум од 48 часа за се справат со оваа историска ситуација“, рече генерал Сиси.

Доколку тоа не се случи, војската соопшти дека ќе преземе мерки, но не дефинираше какви.

Морси изјави дека таквите ултимативни барања предизвикуваат конфузија.

Главната опозициска партија, Националниот ослободителен фронт, ја отфрли можноста за разговори со Морси. Портпаролот на Фронтот, Самех Ашоур, изјави дека смета оти армијата не се готви на пуч.

„Неверојатно е да се помисли дека армијата ќе се откаже од тоа да ги штити Египќаните. Во нивната изјава се гледа дека таа ќе се воздржи од политички натпревар и дека ќе ги почитува принципите на демократијата и волјата на народот“, рече тој.

Египетската исламска алијанса во која е и Муслиманското Братсво на претседателот Мохамед Морси, исто така, ги повика своите подржувачи да излезат на улица за да му дадат подршка на претседателот. Портпаролот на Алијансата изјави:

„Ние ќе ја почитуваме волјата на народот и уставниот легитимитет на избраниот претседател, кој е посветен на одржување на мирот и националната обнова со што ќе биде остварена и благостостојба.“

Во меѓувреме, државната новинска агенција информираше дека и министерот за надворешни работи Мохамед Камел Амр поднел оставка. Таа доаѓа откако милиони Египќани протестираат против Морси. Најмалку пет министри поднесоа оставка по масовните протести во неделата.

Демонстрантите бараат оставка од египетскиот претседател Мухамед Морси и распишување нови избори. На протестите имало судири меѓу поддржувачите и противниците на Морси, при што загинале пет лица, а стотина биле повредени.

Протестите беа едни од најмасовните по оние во 2011 година кога беше соборен од власт тогашниот лидер Хосни Мубарак. Критичарите го обвинуваат Морси дека му дал преголема власт на Муслиманското Братство и дека не успеал да ги реши економските проблеми на земјата.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG