Достапни линкови

Земјоделци бараат субвенции за ланското жито


Земјоделци од прилепските села бараат повисоки цени за лебното зрно, како и итно да им се исплатат субвенциите за житните култури од ланската реколта.

Осумдесет и седумгодишниот Илија Мицкоски од прилепското село Загорани е вистински куриозитет во македонското земјоделство. Пред 15 години вели заминала неговата сопруга, а децата му се разотидени низ светот. Живее сам, со пензија од 8.500 денари, која што сам си ја заработил, зашто бил регистриран земјоделец и цел работен век секој месец уплаќал по 12.500 денари за да си го обезбеди ова право на пензија.
Ако млинарите го бараат за 12 денари, тогаш за в година, ние мораме да се откажеме, нема што да правиме друго, скапо ѓубре, скапа тарана, скапо за прскање, и не е исплатливо, ако е под 15 денари, не можеме да опстанеме ние никако.
Горан Јанкулоски, жител на селото Загорани.

Иако длабоко зачекорил во 9-тата деценија, тој секоја пролет е на нивите, ора, сее, ги обработува, оти вели жал му е да ги гледа пусти, тие се негова татковина, наследство. Па, и пензијата ја дава за работниците што ги ангажира да работат на неговите ниви, оти се сам веќе не може. Но, Мицкоски годинава е загрижен, не за себе, туку за помладите земјоделци, за младите генерации кои вели немаат работа, а се мачат по нивите за да го гледаат семејството. Вели оваа реколта некои настрадаа од градот, а
таму каде што заврна град, житото узреа пред време и не ќе има многу род, а откупните цени што се нудат од мелничарите од 12 денари се вистинска загуба.

„Колку треба, за моја сметка од 18 денари да не биде подолу цената, знаеш колку трошок даваме, тараната е поскапа од пченицата, треба нивата четири пати да ја изора, па да роди, гледаш кај отиде скапијава, луѓево ќе умрат за леб, што ќе земат од житото, ништо “, вели загрижен Мицкоски.
Сите земјоделци кои имаме земено земја под закуп, што имаме поголеми површини субвенциите се помалку, не се исти како оние земјоделци кои имаат помалку земја, е тука ние бараме да бидат изедначени субвенциите за сите земјоделци подеднакво.
Драган Мицкоски, здружение Аграр.

И другите земјоделци бараат повисоки цени за лебното зрно.

„Ако млинарите го бараат за 12 денари, тогаш за в година, ние мораме да се откажеме, нема што да правиме друго, скапо ѓубре, скапа тарана, скапо за прскање, и не е исплатливо, ако е под 15 денари, не можеме да опстанеме ние никако“, вели Горан Јанкулоски, жител на селото Загорани.

И земјоделците од другите прилепски села бараат и итно да им се исплатат субвенциите за житните култури од ланската реколта.

„Субвенции да се даваат навреме, не ни се дадени уште, а требаше досега, пред еден месец требаше да ни бидат дадени“, вели Игор Најдоски.

„Јас треба да земам некаде околу 1000 евра, плус нешто имам за млеко, крави две чувам, треба да земам некаде околу 70 до 75.000 денари, досега немам ништо земено. Тогаш кога беа изборите, што се даде, се даде, сега се замре“, реагира Борис Јанчески.

А, Драган Мицкоски од здружението Аграр ги пренесува барањата на земјоделците кои произведуваат жито на поголеми површини.

„Сите земјоделци кои имаме земено земја под закуп, што имаме поголеми површини субвенциите се помалку, не се исти како оние земјоделци кои имаат помалку земја, е тука ние бараме да бидат изедначени субвенциите за сите земјоделци подеднакво“, вели Мицкоски.

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски при посетата на земјоделците во селото Беровци Прилепско изјави дека мал е бројот на земјоделците кои не зеле субвенции. Но, вети дека во законски рок во овие неколку дена, до крајот на овој месец, на сите ќе им бидат исплатени парите за родот од ланската реколта.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG