Достапни линкови

Торнадо во САД - десетици загинати и ранети


Над 90 луѓе загинале, меѓу нив и 20 деца, а повеќе од стотина биле повредени или се водат за исчезнати во големото торнадо што со брзина преку 320 километри на час го погоди предградието Мур во Оклахома Сити. Разорната стапка на торнадото, според локалните власти, била околу еден километар.

Цели блокови згради во предградието Мур со околу 55 илјади жители се срамнети со земјата, зградите се во пламен, а возилата се расфрлени по улиците. Сведоците велат дека штетите потсетуваат како на оние од експлозии на бомби или на земјотресот и цунамите што во 2011 ја погодија Јапонија.

Во Медицинскиот центар во Оклахома велат дека имало над 90 загинати, вклучувајќи и 20 деца.

Има наводи дека едно основно училиште било директно погодено од торандото. Таму продолжуваат спасувачките акции, бидејќи се стравува дека имало деца и учители кои се уште биле под урнатините.

Американскиот претседател Барак Обама објави голема катастрофа во регионот и им нареди на федералните власти да помогнат во напорите за обнова.

Помисливме дека умревме, бидејќи бевме во подрумот и пред да ја затвориме вратата видовме како торнадото доаѓа. Потоа слушавме само кршење на стакло и голема бучава.
Белата Куќа соопшти дека под декларацијата за голема катастрофа, сите погодени од торнадото можат да аплицираат за сојузни заеми за привремно домување и за поправка на домовите.

Гувернерката на Оклахома Сити Мери Фолин прогласи вонредна состојба во 16 окрузи.

Националната метеоролошка служба соопшти дека торнадото дувало со брзина од 320 километри на час и според прелиминарната скала на торанда било во втората најсилна категорија.

Од таму издале предупредување само 16 минути пред торнадото да го зафати предградието.

„Помисливме дека умревме, бидејќи бевме во подрумот и пред да ја затвориме вратата видовме како торнадото доаѓа. Потоа слушавме само кршење на стакло и голема бучава“, вели Рики Стовер, жител на Мур.

Ова предградие беше тешко погодено од торнадо и во мај 1999 година кога токму таму беше измерена и рекорданта брзина на ветрот во светот, 486 киломтери на час.

Тогаш торандото уби две луца, а уништи 8 илјади домови. Неколку торнада вчера погодија и други делови на Оклахома, но и на Канзас.

Голема штета торнадото предизвика и во Вичита, најголемиот град во Канзас. Илјадници домови останаа без електрична енергија.

Националната метеоролошка служба предупреди и на можност од бури со град со големина на безбол топки.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG