Достапни линкови

Каква е дискриминацијата во приватниот сектор?


Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски најави дека Комисијата наскоро ќе излезе со соопштение за работните конкурси, каде што се повикува на возраст, на пол, а некои работодавачи бараат и слика.

Комисијата за заштита од дискриминација очекува во наредниот период да се зголеми бројот на претставки чија основа ќе биде дискриминација при вработување во приватниот сектор.
Претседателот на Комисијата Душко Миновски најави дека Комисијата наскоро ќе излезе со соопштение за работните конкурси, каде што, според него, се повикува на возраст, на пол, а некои работодавачи бараат и слика.
Дури и слика бараат. Тоа е кардинално прекршување на човекови права, особено се дискриминирачки сите тие моменти. Потоа имаме при прераспоредување, да речеме имаме ситуација каде што од еден град се прераспоредува лице на 170 километри, значи во напредување во кариера, прераспоредување од едно работно место на пониско, значи има широк дијапазон на прекршување на тие права.
Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.

„Дури и слика бараат. Тоа е кардинално прекршување на човекови права, особено се дискриминирачки сите тие моменти. Потоа имаме при прераспоредување, да речеме имаме ситуација каде што од еден град се прераспоредува лице на 170 километри, значи во напредување во кариера, прераспоредување од едно работно место на пониско, значи има широк дијапазон на прекршување на тие права“, вели Миновски.
Комисијата за заштита од дискриминација.
Комисијата за заштита од дискриминација.

Од Хелсиншкиот комитет сепак сметаат дека многу малку институции имаат пристап во приватниот сектор кога станува збор за дискриминација, меѓутоа и дека постои непознавање на оваа форма на нееднаков третман.

„Во голем дел од приватните претпријатија, па и помали правни субјекти се случува експлоатација на трудот, но за жал Народниот правобранител нема надлежност да се меша во приватниот сектор. Од друга страна Комисијата исто така не нотира голем број претставки од оваа сфера, што зборува за тоа дека граѓаните многу малку знаат што претставува дискриминацијата“, изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Комисијата исто така не нотира голем број на претставки од оваа сфера, што зборува за тоа дека граѓаните многу малку знаат што претставува дискриминацијата.
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет на Македонија.

Во приватниот сектор не се согласуваат дека толку високо котира дискриминацијата со вработувањата и нагласуваат дека би им донело загуби доколку вработуваат нестручни лица.

„Тоа може да биде во некој дел на приватен сектор којшто е во зачеток или е секторот со многу мали примања. Во реалните сектори кои се развиваат и растат, напротив се бара само стручност, дури не се третира ни роднинска врска, ни полот, ни возраста. Сопствениците или менаџерите во приватниот сектор ги интересира знаењето, можностите за развој“, изјави Зоран Дабевски претставник на млечната индустрија.

Досега сè уште не е побарана парична казна од некој работодавач.

„Се зависи од судот. Ние за жал немаме судска практика. Нашите мислења не се облигаторни. Тие упатуваат, да, има дискриминација, и после тоа зависи од тој што ја прави дискриминацијата дали тоа ќе го надмине. Ако не го надмине, ја јакнеме странката, ѝ помагаме и тогаш одиме со иницирање постапка пред надлежниот суд“, изјави Миновски.

Инаку во Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека во наредниот период очекуваат раст на претставки чија основа ќе биде политичката дискриминација и оти истата многу високо котира во нашата држава, но ова се однесува на државната администрација.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG