Достапни линкови

Четири деца од сообраќајката во кочанско во критична состојба


Повредени од сообраќајната несреќа кај кочанското село Оризари ноќеска беа доноесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Повредени од сообраќајната несреќа кај кочанското село Оризари ноќеска беа доноесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Четири деца се во критична состојба во Ургентниот центар, од вкупно 11-те донесени во Скопје по тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на кочанското село Оризари.

Четири деца се во критична состојба во Ургентниот центар, од вкупно 11-те донесени во Скопје по тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на кочанското село Оризари. На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, на одделот за интензивна нега се хоспитализирани четири деца од кои две имаат повреди на главата и нагмечување на градниот кош, изјави д-р. Илир Хасани, раководител на Ургентниот центар во Скопје. Една интервенција е направена врз девојче на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија поради санирање повреди на лице. Интервенцијата траела до 5 часот изутрината и потоа девојчето е однесено повторно на КАРИЛ.
Четворица пациенти се наоѓаат во центарот за интензивно лекување, едниот од нив е доста тежок, со сериозна, тешка повреда на глава и на градниот кош. Едниот пациент е префрлен после операцијата којашто е извршена од страна на докторите од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија поради тоа што има претежно повреди на лицето и на лицевите коски.
д-р. Илир Хасани, раководител на Ургентниот центар во Скопје.

„Четворица пациенти се наоѓаат во центарот за интензивно лекување, едниот од нив е доста тежок, со сериозна, тешка повреда на глава и на градниот кош. Едниот пациент е префрлен после операцијата којашто е извршена од страна на докторите од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија поради тоа што има претежно повреди на лицето и на лицевите коски“, вели Хасани.

Пет деца се лекуваат на Клиниката за неврохирургија од кои две се исто така во тешка состојба и се на одделот за интензивна на оваа клиника, а три се на одделение.

„На неврохирургија, двајца се во тешка состојба и се наоѓаат во кома центарот, односно во неврохируршкото интензивно лекување и се во потешка состојба. Едниот од нив во текот на ноќта беше опериран, додека тројцата што се примени на одделение се во подобра општа состојба“, вели Хасани.

Две лица се лекуваат на Детската клиника, тие имаат најлесни повреди и треба да бидат пуштени на домашно лекување во текот на денешниот ден. Повредените деца се на возраст меѓу 14 и 17 години.

Три деца се хоспитализирани на интензивна нега во Општата болница во Кочани и нивната здравствена состојба е стабилна. Според МВР, до несреќата дошло откако трактор со кој се превезувале 18 лица, повеќето малолетници кои се враќале од првомајски излет, се превртел во близина на местото Илин Дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути. До превртување на тракторот дошло на асфалтна површина на не многу стрмен терен, наведуваат во МВР. Возачот кој управувал со тракторот загинал на местото на несреќата, а по пат кон Скопје синоќа почина и неговата сопруга, која исто така била повредена при превртувањето на тракторот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG