Достапни линкови

Албанија го поддржува суверенитетот на Македонија


Македонски министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот албански колега, Алдо Бумчи во Скопје.
Македонски министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот албански колега, Алдо Бумчи во Скопје.

Во овие 20 години Албанија секогаш имала конзистентен однос кон Македонија, го поддржувала нејзиниот суверенитет, интегритет и стабилност, изјави министерот за надворешни работи на Албанија Алдо Бумчи.

Дваесет години заедничка дипломатска историја, заедничка иднина и перспектива во европското семејство што е и заедничка цел која не обединува, накратко беше пораката по денешната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија во Скопје, Никола Попоски и Алдо Бумчи.
Билатералните односи се еден пример за добрососедство. Ние во нашите билатерални односи ја имаме признаено Македонија под нејзиното уставно име и јас тука веќе се изразив со Република Македонија.
Алдо Бумчи, министер за надворешни работи на Албанија.

Оттука билатералните, како и меѓусоседските односи се на високо ниво што подразбира и бројни заеднички теми, од надворешно политичките, преку економските до меѓуграничните. Во овие 20 години Албанија секогаш имала конзистентен однос кон Македонија, го поддржувала нејзиниот суверенитет, интегритет и стабилност, изјави гостинот од Тирана. На прашањето зошто Македонија сè уште не е призната под уставното име од страна на овој наш сосед, Бумчи одговори:
Македонски министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот албански колега, Алдо Бумчи во Скопје.
Македонски министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот албански колега, Алдо Бумчи во Скопје.

„Билатералните односи се еден пример за добрососедство. Ние во нашите билатерални односи ја имаме признаено Македонија под нејзиното уставно име и јас тука веќе се изразив со Република Македонија. Што се однесува до прашањето за името, тоа е билатерално прашање и ние ја почитуваме волјата на Македонија, како и на Грција, и ќе го почитуваме договорот што тие ќе го постигнат“, изјави Бумчи.
Она што е во реалноста е дека господинот Нимиц има комуникација, дека сака да се придвижи процесот, тоа е наш интерес.
Никола Попоски, министер за надворешни работи на Албанија.

Македонија е подготвена на соработка во регионални иницијативи, рече македонскиот министер Попоски, потенцирајќи го значењето на односите меѓу двете земји во поширок регионален контекст. Министерот Попоски беше запрашан за роковите со кои шпекулираат грчките медиуми за одговор на најновите иницијативи со посредство на медијаторот Нимиц за надминување на спорот, кои тој ги негираше додавајќи:

„Она што е во реалноста е дека господинот Нимиц има комуникација, дека сака да се придвижи процесот, тоа е наш интерес. Од наша страна сме целосно посветени на процесот, ги имаме исполнето сите оние критериуми кои се меѓународно преземена обврска и мислам дека доколку таква посветеност видиме и од Атина, тогаш навистина сликата би била многу подобра околу европските и евроатлантските интеграции“, изјави Попоски.

Трговската размена од 10 милиони евра во 2006 година скокнала на 93 милиони до последните податоци, но постои потенцијал за многу поголема и тој потенцијал треба да се искористи, констатираа двајцата министри.


Гостинот Бумчи им порача и на Албанците во Македонија да бидат дел од демократските и интеграциските процеси на Македонија и констатира дека тие се важен фактор на стабилноста на земјава.
XS
SM
MD
LG