Достапни линкови

Сто евра квадрат за катна гаража во центар на Скопје


Со полициска асистенција доцна во ноќта се исечени дрва во центарот на градот
Со полициска асистенција доцна во ноќта се исечени дрва во центарот на градот

Верувале или не, цената за кадратен метар во центарот на градот за плацот за катната гаража изнесува 100 евра. Да ве потсетам, кај Веро маркетот цената изнесуваше 500 евра, а овде квадрат е купен за 100 евра, вели новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски.

Стопирана е изградбата на катната гаража спроти хотелот „Бристол“ во строгиот центар на Скопје. Новиот градоначалник на општината Андреј Жерновски изјави дека е направен целосен увид за двата спорни објекта и дека донел одлука за стопирање на изградбата, одлука која допрва ќе ја разгледува Советот на општината.Тој додаде дека очекува од Советот да изврши ревизија на деталниот урбанистички план, а потоа со промената да биде прекината изградбата на катната гаража.
Андреј Жерновски
Андреј Жерновски

Верувале или не цената за кадратен метар во центарот на градот за плацот за катната гаража изнесува 100 евра, а тоа доволно укажува за некои сегменти за кои ќе ве информираме понатаму. Да ве потсетам, кај Веро маркетот цената изнесуваше 500 евра, а овде квадрат е купен за 100 евра. Катната гаража требаше да биде изградена во барокен стил. Објектот било предвидено да се изгради на три нивоа под земја и 9 над земјата, нешто што целосно ќе го затвори овој дел од градот и граѓаните со право револтирано реагираа уште првиот ден.
Андреј Жерновски, градоначалник на Центар.
„Верувале или не цената за кадратен метар во центарот на градот за плацот за катната гаража изнесува 100 евра, а тоа доволно укажува за некои сегменти за кои ќе ве информираме понатаму. Да ве потсетам, кај Веро маркетот цената изнесуваше 500 евра, а овде квадрат е купен за 100 евра. Катната гаража требаше да биде изградена во барокен стил. Објектот било предвидено да се изгради на три нивоа под земја и 9 над земјата, нешто што целосно ќе го затвори овој дел од градот и граѓаните со право револтирано реагираа уште првиот ден“, вели Жерновски.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција по изјавата на Жерновски оценува дека новиот градоначалник веќе петти ден се занимава со тоа како да опструира, како да блокира и како да стопира работи кои се градат.

„ Тој нема ниту една позитивна работа, ниту проект што би го направил или изградил. Веќе неколку дена ги лаже граѓаните и свесно создава конфликти за работи и постапки кои воопшто не се во надлежност на Општина Центар. Општина Центар нема надлежност, ниту законска можност да ја стопира изградбата на овие објекти, а Жерновски е целосно свесен за тоа и упорно продолжува да ги лаже граѓаните. Жално е што последниците од ова негово лажење ќе ги сносат граѓаните на Општина Центар“, се вели во реакцијата.

По вчерашните протести на граѓаните против сечата на дрвјата каде што се планира изградба на две згради, една за ЕЛЕМ и една катна гаража, со асистенција на полиција сечата беше изведена. Вчера попладне група револтирани граѓани од околните згради со жив штит го оневозможија сечењето на дрвата и чистењето на теренот за изградбата на двата објекта, а потоа и ги урнаа тарабите поставени заради градежни работи.

Претседателот на општинскиот совет Мирослав Шиповиќ изјави дека синоќа во три часот по полноќ со помош на вооружени полициски сили кои ги штителе дрвосечачите, било постапено спротивно на волјата и барањето на граѓаните.

Централната власт не може да ја третира општината како своја филијала, не може да прави што сака во неа особено не може да работи зад грбот на граѓаните, изјави Жерносвки. Тој додаде дека мораториумот за Скопје 2014 значи сите активности што се под ингеренции на опшптината ќе бидат стопирани додека не се утврди каква е фактичката состојба.

„Мене ми е многу драго што по поразот, по најавената ревизија, владата конечно после толку години на барање од граѓаните, излезе со еден отчет, а ревизијата ќе покаже дали тој е точен и каква е фактичката состојба.“

Вчера, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку писмена рекација му порача на Жерновски дека инсистираат тој да направи контрола на сите постапки и процедури поврзани со спроведување на проектот Скопје 2014, затоа што се е градено според законите. ВМРО-ДПМНЕ жали што Жерновски од првиот ден започна со мораториуми и блокада.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG