Достапни линкови

Парламентот работи - опозицијата размислува


Експертите коментираат дека опозицијата е разочарана од нерегуларностите на локалните избори, па остануваат малку изгледи за нејзино враќање во Парламентот.

Од најголемата опозициска партија СДСМ најавија дека денеска ќе прават анализа на изминатиот период и ќе решат што натаму. Пратениците од опозициските партии и вчера не учествуваа во работата на комисиите, ниту на координацијата на пратенички групи кај претседателот Трајко Вељаноски. Андреј Петров од СДСМ изјави дека бојкотот на Собранието вчера не бил во опција, но изрази разочараност од обидот да се прикаже слика дека се работи со закажување комисии само еден ден по изборите.
Тоа што се случи вчера не беше отсуство, немаше ни пленарна седница, немаше ни комисиска работа, така што ние имаме еден договор постигнат на 1 март, во исто време во светло на ова што се случуваше на изборите работите ќе се разгледаат и ќе се тера понатаму работата.
Андреј Петров, СДСМ.

„Тоа што се случи вчера не беше отсуство, немаше ни пленарна седница, немаше ни комисиска работа, така што ние имаме еден договор постигнат на 1 март, во исто време во светло на ова што се случуваше на изборите работите ќе се разгледаат и ќе се тера понатаму работата“, вели Петров.

Ни претстои многу значаен период во делот на евроинтеграциите и работата на институциите во тој правец е многу значајна пред јуни кога очекуваме да добиеме и датум за преговори.
Бујар Османи, ДУИ.
Во Собранието денеска седници одржуваат повеќе комисии. Пратениците од опозициската НСДП изјавија дека, како и вчера, и денеска нема да учествуваат во работата на комисиите. Опозицијата очекува меѓу другото да се иницира постапка за измени на деловникот што е обврска од политичкиот договор постигната во март непосредно пред локалните избори. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдат дека сега е вистинско време опозициските партии да се појават во Собранието и да станат конструктивни и прагматични во напорите на земјата да напредува на нејзиниот европски пат.

„Ни претстои многу значаен период во делот на евроинтеграциите и работата на институциите во тој правец е многу значајна пред јуни кога очекуваме да добиеме и датум за преговори“ изјави Бујар Османи од ДУИ.

Експертите искоментираа дека опозицијата е разочарана од вториот круг на локалните избори поради тоа што поминале со многу нерегуларности и наведуваат дека остануваат малку изгледи за враќањето на опозицијата во Парламентот. Професор Здравко Савески потсети дека договорот постигнат во март помеѓу партиите беше во функција на нормализација на политичкиот дијалог, но додава дека истиот претпоставувал дека изборите ќе поминат без забелешки.

„Шансата со локалните избори и со учеството на опозицијата на нив беше една од последните шанси да се врати Македонија на регуларен колосек. Тоа што имаше големи изборни нерегуларности е знак дека политичката криза во Македонија само ќе се продлабочува“, вели Савески.

Савески додава дека мисли и оти евентуални предвремени избори не претставуваат разумна опција без договор кој би бил во функција да се отстранат недостатоците и недореченостите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG