Достапни линкови

ДИК - партиска, а не државна институција


Седница на Државната изборна комисија.
Седница на Државната изборна комисија.

Голем дел од одлуките на ДИК се донесени со надгласување меѓу членовите. Дали законите се толкуваат низ партиска призма?

Државната изборна комисија треба беспрекорно да ги почитува законите, затоа што е најодговорната институција за спроведување фер и демократски избори, но со некои свои постапки и одлуки, таа повеќе наликува на партиско тело, оценуваат експертите.
Како и сите други работи во државата и овде политизираноста е страшно многу присутна и мислам дека таа политизираност води до таму да се затвораат очи пред факти и се затвораат очи пред аргументи.
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Универзитетскиот професор Осман Кадриу вели дека нивните одлуки повеќе имале атрубути на партиски, отколку на законски одлуки.

„Нивната работа треба да биде исклучиво законита и уставна, а вака како што е одлучено и како што постапуваат и одлучуваат навистина се добива впечаток и не само впечаток, туку и со конкретни факти и акти се потврдува дека нивните одлуки повеќе личат на политички одлуки и некакво пазарење какви одлуки ќе донесат, отколку на законски одлуки“, вели Кадриу.

Поранешна судијка во Стразбур Маргарита Цаца Николовска вели дека од она малку што видела од работата на Државната изборна комисија, личи дека професионализмот не е многу присутен кај одредени поединци. Таа вели дека членовите треба да се подзамислат за обврската која ја имаат како дел од таа Комисија.
Со ваквиот начин и постапување не само што се девалвира самата Комисијата, туку се доведува во прашање и целиот изборен систем, а може да биде доведена во прашање и регуларноста на сите избори, исклучиво од аспект на законитоста.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Како и сите други работи во државата и овде политизираноста е страшно многу присутна и мислам дека таа политизираност води до таму да се затвораат очи пред факти и се затвораат очи пред аргументи.“

Таа додава дека со само едно отварање на избирачкиот материјал во Комисијата се покажале одредени неправилности.

„Ова многу кажува и јас навистина се прашувам дали во една ваква ситуација ќе може да се оттргнеме од сомневањето дека и на друго место вакви ситуации се случуваат.“

Професор Кадриу вели дека постапките на одредени членови на Комисијата се одразуваат негативно.

„Со ваквиот начин и постапување не само што се девалвира самата Комисијата, туку се доведува во прашање и целиот изборен систем, а може да биде доведена во прашање и регуларноста на сите избори, исклучиво од аспект на законитоста.“

Вечерва истекува рокот во кој Управниот суд треба да одлучи за 100-те тужби поднесени од Коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ. Коалицијата ги поднесе тужбите, затоа што смета дека Државната изборна комисија не ги донела одлуките за претставките за нерегуларностите на локалните избори врз основа на закон и аргументи.

Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК го претвори овој државен изборен орган во политичка инквизиција, рекоа од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ одговори дека сега на СДСМ и ДИК им е виновна за катастрофалниот пораз.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG