Достапни линкови

БЛОГ - Локални избори 2013

Резултати од гласањето, одзивот, реакциите на политичките партии, на посматрачите, информации, видео, фотографии. Бидете со нас ...

19:08 24.3.2013

Набљудувачите на Цивил регистрирале неправилности и злоупотреби на изборите

Голем број неправилности и злоупотреби, регистрираа набљудувачките тимови на Цивил – Центар за слобода, што во рамките на проектот Слободни и ненасилни избори го следи денешното гласање

Најдрастични прекршувања со насилство и тепачки се забележани во општина Шуто Оризари. На избирачкото место 2955 имало тепечка меѓу директор на училиште и член на избирачката комисија. Целата информација може да ја прочитате овде.
19:25 24.3.2013

Заврши гласањето на локалните избори

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на денешните локални избори. По затворањето на гласачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Граѓаните избираа градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје и тоа меѓу 350 кандидати за градоначалници и 480 листи за советници. На 2.976 гласачки места правото на глас можеа да го остварат 1.743.403 избирачи.

Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот беше 57,57 отсто односно на гласање излегле 1.001.753 граѓани.

19:36 24.3.2013

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите фер и демократски со значително мал број нарушувања

Денешните избори за градоначалници и советници поминаа во фер и демократска атмосфера, а забележани се значително помал број нерегуларности во однос на последните парламентарни избори во 2011 година, оценија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.
19:41 24.3.2013

Фотогалерија: Политичарите гласаат

Политичарите гласаат

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов гласа на локалните избори 2013.

1/7

Претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска гласаа во Скопје.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски гласа на Локалните избори 2013.

2/7

Премиерот Никола Груевски гласаше во основното училиште Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Локални избори 2013.

3/7

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски гласа на Локалните избори 2013.

4/7

Претседателот на Националната демократска преродба (НДП) Руфи Османи и кандидат за градоначалник на Гостивар гласа на Локалните избори 2013.

5/7

Коце Трајановски, актуелен градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат. Локални избори 2013.

6/7

Јани Макрадули, кандидат на „Сојузот за иднината“ за градоначалник на Скопје, гласа на Локалните избори 2013.

7/7

Previous slide
Next slide

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG