Достапни линкови

Уставен одлучи да одлучува за лустрацијата


Уставен суд на Македонија.
Уставен суд на Македонија.

Уставниот суд ја одложи расправата за лустрацијата. Во меѓувреме законот може да се спроведува така како што е донесен минататa година во јуни.

Уставниот суд на денешната седница заклучил да се организира подготвителна седница на која ќе се разјаснат одделни правни и фактички прашања поврзани со одредбите од законот за лустрација и со тоа би можел потоа на редовна седница да одлучи дали законот е во согласност со уставот.
Претседателот на Уставениот суд Бранко Наумовски.
Претседателот на Уставениот суд Бранко Наумовски.

Во меѓувреме законот може да се спроведува така како што е донесен минататa година во јуни.
Оваа одлука е донесена со мнозинство гласови и се однесува на три иницијативи поднесени до судот и тоа од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од граѓани поединци со кои се оспорува законот во целина како и одделни 14 члена од истиот закон.

Иницијативите се однесуваат на временскиот опфат на Законот, опфатот на лицата кои би се лустрирале како процедуралните гаранции за лицата опфатени со лустрацијата.

Засега не се најавува можниот термин на одржување на подготвителната како и на наредната редовна седница по ова прашање, но вообичаениот рок за нивно закажување е до 2 месеци. Во меѓувреме законот може да се спроведува така како што е донесен минататa година во јуни. Од неговото донесување во 2008 законот за лустрација три пати се најде пред Уставниот суд. Во јавноста пак предизвикува постојани контроверзи кои се однесуваат на начинот на кој тој се спроведува како и со неговата политизација.

„Во одделни случаи, во одделни постапки против одделни лица повеќе како да има белези на одреден реваншизам, на одредено политичко етикетирање, отколку навистина дека треба да се спроведува лустрацијата“, посочува професор Осман Кадриу.

Стручната јавност се огласуваше често во врска со пропустите во работата на комисијата. Еден дел од нив се однесуваат на конкретните случаи, а еден дел од нив и на примената на одредбите кои биле укинати, а станаа дел и од новиот закон донесен минатото лето.

Нејзиниот легитимеитет беше преиспитуван во јавноста па дури и од страна на предлагачот на законот Стојан Андов и подруги основи како што е одминатиот мандат на претседателот на комисијата Аџиев, а потоа и со оставките на двајцата нејзини членови од редовите на опозицијата. На својата страница комисијата за верификација на факти има објавено имиња на 47 соработници на тајните служби, последните тројца од редовите на предложените кандидати на листите за советници во општините. Голема бура и полемики во јавноста предизвика објавувањето на имињата на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски и раководителот на Институтот отворено општество Владимир Милчин кој ова го прогласи за политички линч од страна на власта.
XS
SM
MD
LG