Достапни линкови

Законите прецизни, финансиите на партиите матни


Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.
Државна изборна Комисија (ДИК) врши жрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за локалните избори 2013 година.

Иако Законот е многу прецизен, финасирањето на партиите се уште е во сивата зона, заклучуваат познавачите.

Парите во политиката и годинава се мрачната страна на изборите. Партиите меѓусебно се обвинуваат за нелегално финансирање, но кога ќе ги запрашате како се финансираат, тие ви велат дека работат според законот односно дека се финасираат од членството, од физички и правни лица и додават дека навремено и целосно ќе достават финансиски извештаи. Но кога се поставува прашањето кој сè донира пари во една изборна кампања тогаш конечен и конкретен одговор нема.
На минатите избори видовме една листа од голем број на граѓани кои што донирале одредена сума во вредност од околу илјада евра кои што не ни знаеја дека се донори откако тоа беше проверено од група новинари. Од друга страна пак имаше и обид да се објават донори на веб страните на политичките паритии кои што веднаш пријавија дека се соочиле со проблеми од засилени контроли од надлежните државни институции затоа што биле донори на опозициски партии или на партии кои не се во владејачката коалиција. Значи се на се, накратко постои голема сива ако не и црна зона во однос на финансирањето на кампањите.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева вели дека тоа прашање е едно од најголемите непознаници, па со тоа се отвора простор за сомнеж.

„Гледаме што се случува со финасирањата кои доаѓаат од медиумите. Најчесто се работи за големи намалувања на цените, се работи за фактури кои никогаш не се плаќаат, а тие донации никогаш не се прикажуваат како донации значи тоа е таа сива зона на финансирање на политичките кампањи.“

Втората сива зона е кога политичките кампањи се финансираат од јавните пари односно од државниот и општинските буџети, состојба која ниту една институција не ја следи, објаснува Тасева.
Предизборен митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Предизборен митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

„На минатите избори видовме една листа од голем број на граѓани кои што донирале одредена сума во вредност од околу илјада евра кои што не ни знаеја дека се донори откако тоа беше проверено од група новинари. Од друга страна пак имаше и обид да се објават донори на веб страните на политичките паритии кои што веднаш пријавија дека се соочиле со проблеми од засилени контроли од надлежните државни институции затоа што биле донори на опозициски партии или на партии кои не се во владејачката коалиција. Значи се на се, накратко постои голема сива ако не и црна зона во однос на финансирањето на кампањите.“

Законот е многу прецизен, но тие се финасираат да речеме на сиво или на црно. Сè купуваат на црно, сè плаќаат на црно, финасиите ги добиваат на рака и уплатите на трошоците за кампањите ги прават на црно и прикажуваат ама скромно, сосема малку трошоци за изборните кампањи.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.
Поранешниот член на антикорупциската комисија Ариф Муса вели дека во законот за финансирање е прецизно наведено кој се може да финасира политичка партија и колку пари може да одвои за неа но праксата покажува дека тоа не секогаш се почитува.

„Законот е многу прецизен, но тие се финасираат да речеме на сиво или на црно. Сè купуваат на црно, сè плаќаат на црно, финасиите ги добиваат на рака и уплатите на трошоците за кампањите ги прават на црно и прикажуваат ама скромно, сосема малку трошоци за изборните кампањи. “
Предизборен митинг на опозициската СДСМ во Струмица.
Предизборен митинг на опозициската СДСМ во Струмица.

Доколку институциите како државниот завод за ревизија, антикорупциската комисија и министерството за финасии како и УЈП си ја вршат темелно своојата работа тогаш е лесно да се влезе во трага на сомнителните извори на партиите, објаснува Муса.

„Дали давателот на донацијата плаќа данок на добивка, може и по една година да се контролира дали тие правните субјекти кои дале донација, ја прикажале во даночниот биланс, и дали тие донации да речеме се воопшто оданочени? “

Како конкретен пример за неажурноста на институциите може да се посочи и и дупката од 3,3 милиони евра која се појави во финансискиот извештај на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ на минатите предвремени парламентрани избори. Од друга страна за опозициската партија СДСМ беше покрената иницијатива за кривично гонење од страна на антикорупциската комисија до Јавното обвинителство поради финасирање на кампања со банкарски кредит, случај кој се уште нема судска разрешница. Поради сомнително финасирање на политичка кампања е осуден Љубе Бошкоски на петгодишна затворска казна.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG