Достапни линкови

Зошто државите се поврзани со „жешки линии“?


Кога Северна Кореја во петокот сакаше да го покаже нејзиното незадоволство од новите санкции на Обединетите нации, ја прекина телефонската линија за итни случаи. Таканаречените „жешки линии“ кои беа воспоставени за време на Студената војна и сега се користат како своевидна безбедносна мрежа меѓу ривалите.

Северна Кореја кога соопшти дека ја прекинува „жешката линија“ со Јужна Кореја, предупреди дека тензиите се толку големи што веднаш би можело да дојде до нуклеарна војна. Ова предупредување беше сфатено повеќе како фалење отколку како нешто што навистина би можело да се случи.

Но, она што според Пјонгјанг, сите во светот ќе го оценат како голема демонстрација на противење е прекинот на телефонската врска за итни случаи.

Жешките линии се моќни симболи, бидејќи тие ја претставуваат последната шанса за државите да ги решат конфликтите пред да ескалираат во војна.
Пораките најчесто од едната страна беа кодирани, а од другата декодирани за да можат да се читаат. Тоа било неопходно за да се зачува тајноста на комуникацијата. Но, на тоа се гледало и како на добра шанса за подобро разбирање отколку ако лидерите директно би разговарале на телефон и тоа во време на кризи кога кај нив повеќе работи темпераментот отколку доброто расудување.

Сликата потекнува уште од деновите на Студената војна кога шансите за нуклеарна конфликт беа премногу големи. Најпознатата жешка линија е меѓу Вашингтон и Москва. Воспоставена е во 1963 година, една година по Кубанската ракетна криза.

Во тие денови, таа линија во Соединетите Држави беше позната како „црвен телефон“ и многумина всушност веруваа дека станува збор за бојата на телефонските арапати.

Во популарниот американски филм од 1964 година „Доктор Стренџлав“ е прикажано како американскиот претседател му телефонира на советскиот премиер.

„Ало. Ало Дмитри. Чуј, јас не можам да те слушам добро. Дали би можел малку да ја намалиш музиката? Сега е многу подобро. Одлично, сега можам да те слушнам Дмитри, јасно и гласно. И јас се слушам добро исто така нели.“

Всушност, оригиналната жешка линија воопшто не беше телефон, туку телепринтер или телекс. Пораките најчесто од едната страна беа кодирани, а од другата декодирани за да можат да се читаат.

Тоа било неопходно за да се зачува тајноста на комуникацијата. Но, на тоа се гледало и како на добра шанса за подобро разбирање отколку ако лидерите директно би разговарале на телефон и тоа во време на кризи кога кај нив повеќе работи темпераментот отколку доброто расудување.

Од 2008 година, жешката линија меѓу Москва и Вашингтон е компјутерска врска преку која се менуваат мејлови. Како и насекаде, и тука технологијата е во чекор со времето.

Друга позната жешка линија е онаа меѓу Москва и Пекинг. Таа беше искористена за време на конфронтацијата на границата во 1969 година, по што беше прекината за повторно да биде воспоставена во 1996 година.

Слични линии има и меѓу Москва, Лондон и Париз кои датираат уште од времето на Студената војна. Русија и НАТО дури во минатиот месец воспоставија таква линија. Сите тие имаат интенција да обезбедат безбедносна мрежа меѓу ривалите.

Жешка линија има и меѓу Индија и Пакистан која беше етаблирана во 2004 година откако двете земји извршија нуклеарни проби и скоро се најдоа на работ на војна околу спорниот Кашмир.

Денес на „жешките линии“ се гледа како на основен дел од меѓународните односи, иако повеќето земји и немаат некои меѓусебни недоразбирања.

Северна Кореја минатиот петок покажа што би можело да прават државите кога навистина ќе се налутат. Но, Пјонгјанг досега на пет пати ја прекинуваше „жешката линија“.

Причина повеќе да се верува дека таа би можело наскоро повторно да биде воспоставена.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG