Достапни линкови

Кампањата во Охрид околу најавената инвестиција на Субрата Рој


Најавената инвестиција на индискиот милијардер Субрата Рој е во фокусот на предизборната кампања за локалните избори во Охрид.

Индискиот милијардер Субрата Рој и неговиот проект за изградба на хотелско туристички комплекс во Љубаништа кај Охрид е главниот проект со кој владата ќе атакува на Охрид на претстојните локални избори на 24 март. Еден од најкритикуваните проекти, за премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ако се реализира, на Охрид ќе му донесе илјадници туристи од целиот свет. За нивните политичките опоненти, Охрид бил бастион на СДСМ и непобедлива тврдина. Груевски го обвини градоначалникот Александар Петрески дека заспал на средбата со синот на Субрата Рој.
Како на нож ја дочека индиската компанија Сахара груп кои најавија планови за инвестирање во Македонија, за голема инвестиција за развој на елитен туризам во Охрид, што доколку се реализира би требало да ги привлече најбогатите луѓе да доаѓаат тука во Охрид.
Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како на нож ја дочека индиската компанија Сахара груп кои најавија планови за инвестирање во Македонија, за голема инвестиција за развој на елитен туризам во Охрид, што доколку се реализира би требало да ги привлече најбогатите луѓе да доаѓаат тука во Охрид. Кога дојде синот на газдата во Охрид за да се види со Петрески, а наш Ацо подзаспал на средбата, задремал и ќе паднел од масата ако инвеститорот не го придржал“, рече Груевски.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој во посета на Македонија на средба со министерот за финансии Зоран Ставрески.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој во посета на Македонија на средба со министерот за финансии Зоран Ставрески.

Петрески, кој е кандидат на СДСМ за трет мандат за градоначалник на Охрид, рече дека нема да дозволат Охрид да се претвори во грдо лице со забегани проекти како оној на Субрата Рој.
Затоа што имавме многу корисни разговори, имавме средба повеќе од 5 часа. Им посочив дел од тој проект да се реализира на потегот од Андон Дуков до Подмоље.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

„Ќе победи убавото лице на Охрид и дека охриѓани нема да дозволат Охрид да се претвори во грдо лице во Македонија како што го претставуваат тие и како што е грдото лице на Скопје и забеганиот проект Скопје 2014. Нема да дозволиме исто така Охрид да се претвори во грдото лице со забеганите проекти како оној на Субрата Рој. Иако имаше дојдено многу луѓе од Шутка кои го чекаа Субрата Рој, но не знаеја каде и во кој град се наоѓаат“, рече Петрески.

Петрески потврди дека се сретнал со синот на Субрата Рој, но оти од Сахара груп излегле задоволни од таа средба.

„Требаше да имаме состанок од половина час до еден час. Затоа што имавме многу корисни разговори, имавме средба повеќе од 5 часа. Им посочив дел од тој проект да се реализира на потегот од Андон Дуков до Подмоље. За другите работи што ги изнесе Груевски кои не личат на еден премиер ќе добие соодветен одговор“, рече Петрески.

ВМРО-ДПМНЕ кампањата ја отвори од Охрид, додека СДСМ после Струмица имаше промоција во Охрид.
XS
SM
MD
LG