Достапни линкови

Дневен печат - поплави и бојкот


Macedonia - Floods in eastern Macedonia, in and near Strumica and Radovis - 25Feb2013
Macedonia - Floods in eastern Macedonia, in and near Strumica and Radovis - 25Feb2013

Поплавите кои зафатија речиси пола Македонија, алфафлоксинот во млекото и брашното и бојкотот на локалните избори, се топ темите за кои пишуваа весниците.

Поплавите од неколкудневните дождови ги наполнија он-лајн изданијата на весниците со вести и дури со интересни наслови,: „И да погинеш колку можеш ќе се спасиш“, ги цитира Нова Македонија зборовите на една кумановчанка по ланските поплави во тој град, кога таа дури и Дунав го виде во Куманово.
„Половина Македонија е пловна“, насловува Дневник веројатно алудирајќи на неостварените планови за Вардар пловен дури до Солун. Утрински пишува: „Македонија тоне во вода“.
Груевски понуди сламка за спас, Црвенковски обвини за лицемерство.
Нова Македонија.

Втора топ-тема: алфафлоксинот во млекото и брашното. Нашите не биле загадени, ја пренесоа медиумите веста од Агенцијата за храна, но затоа Дневник објавува дека во 330 тони најново увезена пченица од Србија биле утврдени тешки метали. Утрински запишува: „Увозното брашно ги затвора мелниците“. И тука некаде се провира веста во Дневник дека според новиот правилник на Регулаторна, цената на парното ќе се менува секој месец, во зависност од цената на природниот гас на светските берзи.

И, третата топ-тема во весниците: се разбира, бојкотот на локалните избори. „Бојкотот е конечниот избор на опозицијата“, вади наслов Утрински од обраќањето на лидерот на СДСМ, Црвенковски на конвенцијата во Куманово. ЦО донесе нови несогласувања - бојкотот не наиде на целосна поддршка“, информира Дневник, а
Машинеријата на власта почна да работи - со уцени на избори. Новите здравствени работници, сè уште не вработени добиле партиски налог да обезбедат по 10-мина гласачи ако сакаат вработувањето да им биде обезбедено, по изборите.
Фокус.

Вечер оди со наслов: „Бранко и натаму ја држи во заложништво цела држава“. Утрински, пак, информацијата ја објавува со наслов: „ЦО на социјалдемократите и покрај внатрепатиските противставени мислења едногласно ја донесе одлуката за бојкот“. „Груевски понуди сламка за спас, Црвенковски обвини за лицемерство“, гласи насловот во Нова Македонија. Дневник консултира аналитичари кои се песимисти за можен договор и вади наслов дека „Битката помеѓу власта и опозицијата ќе биде за одѕивот на гласачите“. Дневниот Фокус открива дека „Машинеријата на власта почна да работи - со уцени на избори“, па објаснува дека новите здравствени работници, сè уште не вработени добиле партиски налог да обезбедат по 10-мина гласачи ако сакаат вработувањето да им биде обезбедено, по изборите.

Нова Македонија од изјавата на Филе по средбата со новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бесими, ја истакнува пораката дека моменталната политичка состојба во Македонија го предизвикува исполнувањето на еден од Копенхашките критериуми што се однесува на зрелоста на политичките институции. Само Утрински забележува: „Како се разминаа германскиот министер Вестервеле и премиерот Груевски - од Владата нема конкретен одговор што го спречи премиерот да се сретне со Германецот“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG