Достапни линкови

Младите го напуштаат Македонски Брод


Милосим Војнески, градоначалник на Општина Македонски Брод
Милосим Војнески, градоначалник на Општина Македонски Брод

Повозрасните жители на Македонски Брод се жалат дека младите решение за проблемите бараат надвор од Општината, во Скопје или заминуваат во странство.

Невработеност, економски колапс и недостиг на свежи инвестиции се најголемите проблеми на жителите од Општина Македонски Брод. Повозрасните се жалат дека младите решение за проблемите бараат надвор од Општината, во Скопје или заминуваат во странство. Велат доколку се вложат напори да се отворат нови стопански капацитети, сигурно дека квалитетот на животот на сите граѓани ќе се подобри и дека ќе се стопира процесот на мигрирање на населението.
На нашево Порече сега му е потребен економски развој, имаме потенцијали, имаме ресурси кои би навистина помогнале во миграцијата на младите, каков одлив имаме на млади деца кои се без работа, кои за жал за парче леб заминуваат, кои во Италија, кои во Албанија, кои во Словенија. Потребни се фабрики, инвестиции или приватни некои фирми или некои странски фирми кои овде би отвориле овде некои погони и би се задржала младината тука.
Добривој Силјаноски, жител на Македонски Брод.

„На нашево Порече сега му е потребен економски развој, имаме потенцијали, имаме ресурси кои би навистина помогнале во миграцијата на младите, каков одлив имаме на млади деца кои се без работа, кои за жал за парче леб заминуваат, кои во Италија, кои во Албанија, кои во Словенија. Потребни се фабрики, инвестиции или приватни некои фирми или некои странски фирми кои овде би отвориле овде некои погони и би се задржала младината тука“, вели Добривој Силјаноски, жител на Македонски Брод.
Добривој Силјаноски, жител на Македонски Брод.
Добривој Силјаноски, жител на Македонски Брод.

Граѓаните во руралните средини пак посочуваат на инфраструктурните проблеми. Во село Требино има 60-ина куќи со приближно 150 жители. Ова село среќа не е иселено, живеат и млади луѓе, кои одлучиле со своите семејства овде да создаваат подобри услови за живот. Тие бараат од Општината да им се подобрат условите, бараат изградба на патишта, водоводи, канализации, едноставно подобар живот.
Имаме продажба за формираната индустриска зона, која е на 2 километра до Македонски Брод, имаме околу 120.000 метри квадратни да понудиме за мало стопанство, мали фабрики, исто така со почетна цена од едно евро за квадрат.
Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.

„Има улици недоправени, така се оставени, канализациите не се средени, има водоводи недоволно, но моментално е недоволно улицата во село Требино многу има кал, ние сепак не сме многу стари, млади сме“, вели Славица Јовеска, жителка на селото Требино.

Градоначалникот Милосим Војнески потенцира дека во тек се бројни проекти за изградба на локални патишта, во многу села се градат водоводи, полека чекор по чекор се реализираат проекти, кои придонесуваат за ревитализација на селата, зашто факт е дека во некои рурални средини ова се први инвестиции по 5 и повеќе децении. Освен тоа локалната самоуправа интензивно работи на создавање услови за економски развој на Општината.

„Имаме продажба за формираната индустриска зона, која е на 2 километра до Македонски Брод, имаме околу 120.000 метри квадратни да понудиме за мало стопанство, мали фабрики, исто така со почетна цена од едно евро за квадрат“, вели градоначалникот Војнески.

Тој додава дека расте интересот на инвеститорите за купување плацеви за изградба на куќи во атрактивната туристичка населба на брегот од езерото Козјак во атарот на селото Близанско. Интересот е голем, како што истакнува Војнески, особено од граѓани на Скопје, кои со изградба на новиот пат во должина од 40-ина километри за неполн час стигнуваат до оваа локација, што е идеално место за одмор. Се разбира паралелно расте интересот и на угостителите кои овде имаат намера да градат хотели, а постоечките угостителски објекти веќе ги зголемуваат своите капацитети. Се негуваат надежи дека сите овие зафати ќе придонесат за економски развој на Општината и отворање на нови работни места.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG