Достапни линкови

ЕК ќе ги надгледува медиумите во земјите членки


Најавите од Брисел дека Европската унија ќе врши надзор врз медиумските регулатори во земјите членки е ретрограден чекор, пишува Фајненшал тајмс. Давајќи и на Европската комисија да го прави тоа само ќе ја отвори вратата за нов вид мешање на Брисел.

Постојат силни причини Европската унија да ги контролира телата кои ја надгледуваат слободата на медиумите, како и нивната бројност, се наведува во коментарот објавен во весникот Фајненшал тајмс, во кој се додава:
Некои понови членки на Унијата, особено Унгарија, во последно време преземаа низа мерки кои се смртна закана за слободата на печатот. Но, постои и извесна контрадикција меѓу сакањето да се одбрани овој фундаментален принцип и давањето поголема моќ на Брисел врз европските медиуми.
Фајненшл тајмс.

„Некои понови членки на Унијата, особено Унгарија, во последно време преземаа низа мерки кои се смртна закана за слободата на печатот. Но, постои и извесна контрадикција меѓу сакањето да се одбрани овој фундаментален принцип и давањето поголема моќ на Брисел врз европските медиуми.“

Предлозите што деновиве ги објави независна комисија која имаше за цел да го испита овој сектор, го стиснаа копчето за тревога. И покрај тоа што извештајот нема легална тежина, тој беше поддржан од Европската комисија како почетна основа за дискусија која би можело да води до нова легислатива.

Точка на раздорот не е сугестијата дека членките би требало да имаат независни совети за медиуми со моќ да ги истражуваат поплаките и евентуално да наметнуваат казни. Повеќето земји веќе имаат такви тела.

Точка на раздорот е тоа што овие совети треба да бидат субјект на мониторинг од страна на Европската комисија за да се обезбеди дека тие ги почитуваат, како што се наведува, „европските вредности“. Тоа може да е основа за легитимна загриженост дека владите би можеле да ги наполнат овие комисии со пријателски луѓе кои ќе вршат притисок врз критички настроените медиуми.

Но, има и подобри начини да се обезбеди регулаторските комисии да на бидат марионети во рацете на власта. Европската повелба за основните права со која се бара од членките да ја почитуваат слободата на печатот, во 2009 година стана закон. Неговото кршење може да се регулира преку судски канали.

Давајќи и на Комисијата да ги надгледува медиумските совети само ќе ја отвори вратата за нов вид мешање од Брисел. Панелот исто така потенцира дека заедно со правото на независност, медиумите имаат обврска да бидат професионално одговорни.

Предизвиците кои доаѓаат од земјите членки, како например од Унгарија, демонстрираат дека се неопходни поефективни алатки со цел да се отргнат владините прегратки и враќање на демократските права. Европа страда од недостиг на соодветно ниво на одговори на нарушувањата, како на пример правото да се повлечат одредени финансиски средства доколку владите ја минат линијата.
Како и да е, правењето на Брисел во нов медиумски господар не е патот за гарантирање на слободен и енергичен печат, заклучува Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG