Достапни линкови

Кајакарот Атанас Николовски се враќа во акција


Кајакарот по неисполнетата норма за настап на ланските ЛОИ во Лондон, си зеде непланиран одмор од спортот. Тој сега се подготвува за нов циклус, Олимпијадата во Бразил.

Најдобриот македонски кајакар Атанас Николовски се врати во акција, по неколкумесечната пауза поради разочараноста од неисполнетата норма за настап на ланските ЛОИ во Лондон. Пропуштената Олимпијада се уште му е во мислите, бидејќи и јавноста во него гледаше сигурен патник за Лондон. За жал тоа не се случи, па повеќекратниот македонски првак во кајак на диви води, си зеде непланиран одмор од спортот. Тоа му помогна колку - толку да заборави на неуспехот и побогат со уште едно искуство да влезе во нов циклус, сега за Олимпијадата во Бразил (Рио де Жанеиро).

Доста тешко ми беше кога не успеав да ја изборам олимписката норма и со тешко срце и ја гледав Олимпијадата на телевизија. Меѓутоа тоа е тоа, спортот е таков, има и успеси и неуспеси и треба да се прилагодиме кон нив. И после една подолга пауза од 2-3 месеци повторно почнав да тренирам за олимпискиот циклус 2012-2016 за Рио“.
Атанас Николовски, кајакар.


„Доста тешко ми беше кога не успеав да ја изборам олимписката норма и со тешко срце и ја гледав Олимпијадата на телевизија. Меѓутоа тоа е тоа, спортот е таков, има и успеси и неуспеси и треба да се прилагодиме кон нив. И после една подолга пауза од 2-3 месеци повторно почнав да тренирам за олимпискиот циклус 2012-2016 за Рио“, изјави Николовски, кој веќе почна да ја одработува програмата за оваа година.


Во неа, за разлика од лани, нема далечни патувања. Тие во минатото се покажаа како контрапродуктивни, па затоа, најдобриот македонски спортист за 2011-та година уште најмалку два месеца односно до Илинденскиот кајак слалом (ИКАС), ќе работи во Македонија. Во странство пак, планира тренинзи и настапи во блиската околина, односно Словенија, Грција, Германија и Словачка. Таму, на неколку помалку значајни натпревари, но и на три трки од Светскиот куп (во Аугсбург - Германија, Тацен – Словенија и Братислава - Словачка), ќе ја темпира формата за мајското ЕП во Краков (Полска) и септемвриското СП во Прага (Чешка). Тоа се годинашните топ настани, на кои целта ќе биде ...

Она што се вика физичка подготовка и сите тие тренинзи, нормално и оние контролни натпревари треба да бидат репер како понатаму и што треба да се работи.
Атанас Николовски, кајакар.

„Пред се влез во полуфиналето и потоа борба за што подобар пласман меѓу првите 15 натпреварувачи, што би било одличен пласман за мене, нормално и за македонскиот кајак. Бидејќи знаеме дека конкуренцијата во поединечните спортови, односно во олимписките спортови е доста тешка. Така да јас се надевам пред се на влез во полуфиналето на Европско и светско првенство“, додаде Николовски, кој верува дека има сили и за многу позначаен успех.

Тој го има тоа потврдено во минатото, а дали ќе го повтори, ќе зависи од сработеното во подготовките за мундијалскиот и за настапот на собирот на најдобрите на Стариот континент.

„Она што се вика физичка подготовка и сите тие тренинзи, нормално и оние контролни натпревари треба да бидат репер како понатаму и што треба да се работи. Така да мислам дека се е возможно, само со добар тренинг и нормално и психофизичка подготовка за настапите“, истакна на крајот Атанас Николовски.

XS
SM
MD
LG