Достапни линкови

Предизборни анкети за политички манипулации


Како што се ближат изборите анкети ќе има се повеќе и повеќе. Без разлика дали им се верува или не, последната на Институтот за демократија за работата на Собранието ги возбуди духовите поради две нарачани сугестивни прашања на кои одговорот е речиси 100 процентно познат однапред. Институтот се вади дека прашањата биле само за внатрешна употреба, а Собранието, пак, го одбегнува одговорот и вели не е важна презентацијата ами важни се резултатите.

Штом ќе се фрли ракавицата за избори веднаш проработуваат клишеата, па институтите и анкетарите мерат кој каков рејтинг има. Години наназад сме сведоци од шаренилото резултати, пристрасните институти кои ги збунуват не само гласачите, туку и познавачите на политичките состојби во земјата. Последниот пример со анкетата спороведена од Институтот за демократија „Социетат цивилис“ од Скопје за Собранието ги возбуду духовите.
За жал кај нас се уште не постои Асоцијација или некакво здружение на истражувачи или истражувачки организации, ниту пак на национално ниво имаме усвоено етички кодекс за тоа како треба да се спроведуваат, односно како треба да се објавуваат истражувањата. Се формираат разни истражувачки организации кои излегуваат со различни податоци во јавноста, често пати со цел да се искористи незнаењето на јавноста, со цел да се постигне некакво влијание врз јавното мислење.
Снежана Трпевска, Висока школа за новинарство и односи со јавноста.

По објавувањето на анкетата, Институтот реагираше дека одговорите на две прашања требало да останат за интерна употреба. Тие се согласиле на веќе установениот прашалник за Собранието да додадат две прашања, иако имале методолошки и содржински забелешки, во име на претходната коректна соработка, но и џентлменски договор дека деталите околу презентирањето на резултатите од анкетата ќе бидат дополнително договорени. Од Собранието, пак, велат дека резултатите од анкетата кај нив биле доставени без никакви забелешки, па ниту околу формулацијата на двете спорни прашања.

Професор Снежана Трпевска од Високата школа за новинарство вели дека анкетите години наназад се извор на манипулација. Таа вели дека при спроведувањето анкети има правила,треба да се почитуваат етички кодекси, да не се поставуваат сугестивни прашања.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги закажа локалните избори за 24 март 2013 година.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги закажа локалните избори за 24 март 2013 година.

„Можноста од манипулација е особено голема кога се презентираат резултатите во јавноста, оти не се даваат секогаш сите податоци за тоа кога и како е изведено истражувањето, на колкав број испитаници, како се избрани тие испитаници.“
Од моето искуство со предизборни рејтинг анкети, можам да кажам дека повеќе одредено насочување на презентацијата на рејтинг анекетите доаѓале од нарачателите односно од политичките партии, а не од истражувачките центри.
Сашо Клековски, МЦМС.

Таа додава дека поради големата можност за манипулација и Европската и Светската асоцијација за испитување на јавно мислење имаат усвоено етички кодекси за тоа као треба да се однесуваат истражувачите, за да се оневозможи некој да манипулира со анкетите.

„За жал кај нас се уште не постои Асоцијација или некакво здружение на истражувачи или истражувачки организации, ниту пак на национално ниво имаме усвоено етички кодекс за тоа како треба да се спроведуваат, односно како треба да се објавуваат истражувањата. Се формираат разни истражувачки организации кои излегуваат со различни податоци во јавноста, често пати со цел да се искористи незнаењето на јавноста, со цел да се постигне некакво влијание врз јавното мислење.“

Прашањето на анкетирањето е делумно уредено во предизборието. Во законот за радиодифузна дејност стои како и кога можат да се објавуваат резулатати од анкети, но прашањата за кавалитетот, за начинот на спроведување и за методите треба да се уредат со етички кодекси, додава професор Трпевска. Па затоа сега целата одговорност лежи во истражувачките организации и они кои го спреведуваат истражувањето, вели таа.

Сашо Клековски од МЦМС, пак, вели дека проблемот повеќе е во нарачателите, отколку во истражувачките куќи.

„Од моето искуство со предизборни рејтинг анкети, можам да кажам дека повеќе одредено насочување на презентацијата на рејтинг анекетите доаѓале од нарачателите односно од политичките партии, а не од истражувачките центри.“

Тој додава дека не треба да се гледа на анкетите како на непрофесионален производ, туку дека тие во подоцнежна фаза може да се искористат или да се спинуваат за нечии цели.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG