Достапни линкови

Неделен печат - Ќарот на ДУИ и „ликот и делото“ на Вељаноски


Користа на ДУИ од состојбите во Парламентот, работата на првиот човек на Собранието, нова политичка партија на повидок?! Дел од темите кои ги анализираат неделниците.

Глобус - ДПМНЕ во парламентот направи сметка без ДУИ

Најновиот он-лајн магазин Глобус прави анализа на состојбата во парламентот откако СДСМ и помалите партии од Сојузот за иднина ја напуштија неговата работа забележувајќи дека „ДПМНЕ во парламентот направи сметка без ДУИ“ за да напише дека веќе ништо не може да почне, а камоли да заврши во Собранието по насилното терање на пратениците на опозицијата од парламентарните клупи.
Пратениците од опозицијата на собраниската говорница, 24 декември 2012.
Пратениците од опозицијата на собраниската говорница, 24 декември 2012.

Сега ДУИ одлучува дали ќе има седница на какво било тело, а ДПМНЕ требаше да смета на тоа дека нема ни просто мнозинство на пленарните седници.
Глобус.
Сега ДУИ одлучува дали ќе има седница на какво било тело, а ДПМНЕ требаше да смета на тоа дека нема ни просто мнозинство на пленарните седници, потсетува Глобус, па додава дека албанскиот блок сега доставува нови барања, кои ВМРО-ДПМНЕ тешко ги голта, иако бргу ги спроведува, како што е двојазичноста во градските автобуси, на пример.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

„Раката на министерот Ставрески која мавтајќи ги поттикнуваше полицајците во цивил да го исчистат парламентот од опозицијата не го знаеше следниот потег, за разлика од ДУИ која го стави ДПМНЕ во мат позиција. Оваа позиција јасно го покажува резонот за молчењето на Ахмети, Арифи, Мехмети и на другите кога нивните колеги беа влечени по подот на Собранието. Тоа беше испланирана бесчувствителност за политички профит“, заклучува Глобус.

Фокус – „Црниот понеделник“ не му е првиот грев на Вељаноски
„Црниот понеделник“ не му е првиот грев на Вељановски. Неговото име беше спомнувано во аферата со делењето на изборните легитимации за претседателските избори во 1999 година.
Фокус.

Фокус прави опсежна анализа на „ликот и делото“ на првиот собраниски човек, човекот кој нареди исфрлање на пратениците и на новинарите од страна на полициските специјалци, па наведува дека каде што се зборува за изборни манипулации, таму редовно се спомнува и Трајко Вељановски. „Црниот понеделник“ не му е првиот грев на Вељановски, пишува неделникот, па потсетува дека неговото име беше спомнувано во аферата со делењето на изборните легитимации за претседателските избори во 1999 година, тој го повика претседателот на Уставниот суд да даде отчет, зашто им ги укинувале законите, беше несуден член на Судскиот совет, но откако не успеа да избира и разрешува судии, претседател на Врховниот суд стана неговиот кум, пишува Фокус завршувајќи со прашањето: „Трајко, до кога ти со вакви методи во 21 век?“.

Република – Бучковски формира нов политички субјект на левицата

Република објавува напис за тоа дека Бучковски формира нов политички субјект на левицата, кој се очекува да се појави по мајскиот конгрес на СДСМ и доколку партијата опстои на ставот за бојкот на локалните избори. На новата партија, чие формирање, инаку, самиот Бучковски го нарече шпекулација на една скопска телевизија, ќе ѝ се приклучат многу интелектуалци што не се согласуваат ниту со политиката на ВМРО-ДПМНЕ, ниту со таа на СДСМ, предвидува Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG