Достапни линкови

Неделниците ја анализираат политичката криза


Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 29 декември 2012 година.
Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 29 декември 2012 година.

Политичката криза што ја предизвика начинот на кој беше донесен буџетот е главна тема за анализирање во македонските неделници.

Глобус - 2013: Година во која влеговме со подигнатиот прст на премиерот
Со листата желби, меѓу кои и реконструкција на тројца министри и смена на директор во МРТ, што е преседан во меѓународната политика, Црвенковски, всушност, си создава алиби за бојкот зашто сите анкети покажуваат дека ќе доживее уште еден пораз од Груевски.
Република.

„2013: Година во која влеговме со подигнатиот прст на премиерот“ е насловена анализата на он-лајн магазинот Глобус во која се потсетува на новогодишното обраќање на премиерот кој со кренат прст ја искара опозицијата за недемократско однесување и се сецираат состојбите со кои Македонија влезе во оваа, новава година. Македонија, продолжува неделникот, е земја која по многу нешта во политичката практика се запиша како земја - раритет. Според познавачите на уставното право и историјата на правото, досега, на пример, не е забележан случај во светот буџетот на една влада да биде донесен како што тоа се случи во последните денови од старата година - со тепање и бркање на опозицијата од парламентот, по претходно отстранување на новинарите како непријатен сведок. Имало случаи парламентарци да се тепаат меѓу себе, но примери полиција да влегува во Парламент имало само во архивите на државните удари, забележува Глобус.
Ако Груевски не прифати никаков договор со СДСМ, определбата за отпор и за улична демократија не само што е легитимна, туку е и неизбежна.
Фокус.

Капитал - Со Господ напред...

Едиторијалот на неделникот Капитал е насловен „Со Господ напред...“, а се осврнува на божиќната изјава на премиерот Груевски, кој, како што забележува неделникот, е платен да работи наместо да се моли празниците и Господ да се грижат за просперитетот на државата. Авторката на едиторијалот смета дека граѓаните веројатно не се чувствуваат убаво кога Груевски се потпира на божјата поддршка во борбата со беспарицата и дека премиерот изненадил што ја „забележал“ сиромаштија и безработицата во Македонија. Неделникот со иронија се осврнува и на божиќната порака на лидерот на СДСМ, Црвенковски, па пишува дека со тоа што ја именувал како „обраќање до нацијата“ покажал дека сè уште се замислува дека е најважен за целата нација.

Република - Трагикомедијата во СДСМ

Тема на неделата во Република е „Трагикомедијата во СДСМ“ - како што насловува неделникот, или „Невозможни барања за спас на лидерот“. Со листата желби, меѓу кои и реконструкција на тројца министри и смена на директор во МРТ, што е преседан во меѓународната политика, Црвенковски, всушност, си создава алиби за бојкот зашто сите анкети покажуваат дека ќе доживее уште еден пораз од Груевски, предвидува Република.

Фокус - СДСМ мора да се бори за демократија и за победа, а не за неколку општини и за грст пратенички плати

Фокус во подолга анализа објаснува зошто „СДСМ мора да се бори за демократија и за победа, а не за неколку општини и за грст пратенички плати“ и зошто, ако Груевски не прифати никаков договор со СДСМ, определбата за отпор и за улична демократија не само што е легитимна, туку е и неизбежна. Со вакви правила на игра и во ваков амбиент, денес никој не може да го победи Груевски, а опозицијата може само да му даде можност да ја преземе одговорноста за приграбувањето на апсолутната власт - легализирањето на деспотијата не смее да се легитимира со учество на наместени избори! - објаснува Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG