Достапни линкови

Поради грејната сезона дозагаден и онака загадениот воздух


Протест против загадувањето на воздухот во Скопје на 27 декември 2012 година.
Протест против загадувањето на воздухот во Скопје на 27 декември 2012 година.

Најголем проблем за загаденоста на воздухот во поголемите урбани центри, велат познавачите, е сообраќајот. Може да се размислува за ограничување на транспортот, велат тие.

Во екот на грејната сезона се актуелизира проблемот со загадувањето во главниот град. Пред Нова Година воздухот во Скопје се проценуваше како екстремно загаден, а дел од медиумите и невладини организации апелираа да не се излегува од дома без гас маска. Додека надлежните се надеваат дека ветерот ќе го прочисти воздухот, упатените велат дека постојат законски мерки кои може да се преземат.
Ако се размислува за некакви мерки и ако оваа состојба во поголемите урбани центри, а забележуваме дека состојбата во Скопје е доста лоша со амбиенталниот воздух, значи некоја рационална прва мерка би било да се размисли да се направат одредени ограничувања поврзани со транспортот.
Тони Поповски, поранешен министер за животна средина и просторно планирање.

Антонио Јовановски од невладината Go Green изјави дека воздухот во Скопје пред Нова Година ги надмина границите за загаденост за речиси 20 проценти.
Протест на екологисти во Скопје.
Протест на екологисти во Скопје.

„Во однос на цврстите честички, односно прашината која се наоѓа во воздухот. Според анализите на Светската банка во Македонија има околу 1.350 смртни случаи, значи луѓе кои умираат поради загаденоста на воздухот.“

Грејната сезона, покрај поскапувањето на струјата придонесува кон ваквата ситуација, вели екс-министерот за животна средина и просторно планирање Тони Поповски.

„Па и тоа има одредено влијание бидејќи навистина греењето на дрва предизвикува поголемо штетно влијание врз квалитетот на амбиенталниот воздух.
Според анализите на Светската банка во Македонија има околу 1.350 смртни случаи, значи луѓе кои умираат поради загаденоста на воздухот.
Антонио Јовановски, НВО Go Green.

Тој додава дека градежните активности се само мал дел од причинителите на високиот степен на загадување на воздухот во Скопје.

„Тоа влијание од т.н. градежна експанзија е неколкупати помало од загадувањето кое го прават возилата на пример и ако се размислува за некакви мерки и ако оваа состојба во поголемите урбани центри, а забележуваме дека состојбата во Скопје е доста лоша со амбиенталниот воздух, значи некоја рационална прва мерка би било да се размисли да се направат одредени ограничувања поврзани со транспортот.“

Во екот на грејната сезона мерките за спречување на загадувањето од греењето не би биле примарни, објаснува Поповски.

„Значи сите мерки поврзани со греењето би биле секундарно, значи примарната интервенција би требало да се фокусира на одредено ограничување на употребата на возила, за да се намали загадувањето на амбиенталниот воздух.“

Вреди да се спомене и дека според надлежните, за реакција на ваква состојба потребно е опасноста од загадувањето да потрае 10 дена.
XS
SM
MD
LG