Достапни линкови

Нова година го враќа Охрид во живот


Охрид украсен за Нова Година.
Охрид украсен за Нова Година.

Поголемите хотелски капацитети до овој моменти се делумно исполнети, додека во помалите хотели скоро и да нема слободни места.

Можеби не како во старите добри времиња кога во Охрид за Новогодишните празници се бараше место повеќе, сепак хотелиерите и угостителите се надеваат дека градот деновите за празникот ќе се врати во живот. Поголемите хотелски капацитети до овој моменти се делумно исполнети, додека во помалите хотели скоро и да нема слободни места. Хотелските работници велат дека пракса е домашните гости и оние од соседството да резервираат места во пет до дванаесет.
Помалите хотели кои се во центарот на градот според нашите информации веќе се исполнети, за разлика од поголемите капацитети кои се надвор од градот се делумно исполнети или воопшто немаат резервации. Новогодишните аранжмани се направени со две и три ноќевања, со вклучена гала вечера.
Драгица Костовска, хотел Милениум.

Драгица Костовска од хотел Милениум вели дека најбројни ќе бидат гостите од Бугарија и Србија.

„Помалите хотели кои се во центарот на градот според нашите информации веќе се исполнети, за разлика од поголемите капацитети кои се надвор од градот се делумно исполнети или воопшто немаат резервации. Новогодишните аранжмани се направени со две и три ноќевања, со вклучена гала вечера“, рече Костовска.

Ана Јанчева од струшкиот хотел Дрим вели дека сите оние кои Нова година ќе ја поминат во Струга на 1 јануари ќе може да присуствуваат и на ручекот со лебедите.
Хотелите во Будва се странски инвестиции од големи инвеститори кои можат да одвојат пари за Новогодишната вечер. Кај нас тоа не е возможно. Иницијативата треба да биде од општината со цел да се потикне обединување на агенциите, хотелите и општината.
Филип Стефановски, туристички работник од Охрид.

„Се уште има по некоја соба слободна, но задоволни сме до сега што е досега резервирано. Ручекот на лебедите започнува на 1 јануари во 12 часот. Ќе има музика и голем оган на плажата пред хотелот, неограничено пиење и храна. Поканети се и лебедите и малечките на лебедите“, рече Јанчева.

На градскиот плоштад во Охрид оваа Нова година ќе има скромна забава со пејачи од градот. Иако Охрид изгледа волшебно, за украсување и за организација градските власти рекоа дека одвоиле само 10.000 евра. За разлика од Охрид во соседните туристички дестинации во организација на прославата на отворено учествуваат заедно и општината и на туристичките работници. На пример во Будва на за дочекот ќе настапи балканската звезда Здравко Чолиќ, а за организацијата со 70.000 евра учествува Туристичката организација на Будва.

Филип Стефановски туристички работник од Охрид вели дека кај нас тоа е невозможно да се случи поради слабата финансиска моќ.

„Хотелите во Будва се странски инвестиции од големи инвеститори кои можат да одвојат пари за Новогодишната вечер. Кај нас тоа не е возможно. Иницијативата треба да биде од општината со цел да се потикне обединување на агенциите, хотелите и општината“, рече Стефановски.

Туристичките работници сметаат дека одвоениот буџет за оваа нова година е многу мал и оти треба да се одвојат повеќе пари со цел да се привлечат многу повеќе гости за празниците и приватните сместувачки капацит и во хотелскиот и во приватниот сместување се бараше место повеќе.
XS
SM
MD
LG