Достапни линкови

Наместо перспектива за младите, национализам


Политичарите поттикнуваат националистички манифестации во пресрет на изборите за потоа тензиите да почнат да спласнуваат, но сепак, тоа може да остави и поголеми последици, велат аналитичарите.

Манифестации на национализам на секој чекор. Кој ќе постави поголемо знаме на поголем јарбол, кој ќе запали повеќе туѓи знамиња, кој ќе истепа или навреди повеќе „други“, а во медиумите осамнаа и фотографии од луѓе кои се шетаат со автоматско оружје по улиците на Скопје и на Струга. Политичарите ги поттикнуваат ваквите националистички манифестации во пресрет на изборите што треба да се одржат напролет за потоа тензиите да почнат да спласнуваат, велат нашите соговорници, но сепак, тоа може да остави и поголеми последици.
Со што друго би можеле во моментов да ги окупирате младите, да им обезбедите некоја посветла иднина, работа, друга перспектива, освен тоа дека нацијата е пред сè. Вакви запаливи говори се познати во историјата и секојпат носеле поени, особено за некои политичари.
Нелко Стојановски, универзитетски професор.

И на прославите и на протестите, особено ако тие имаат етнички, па дури и националистички карактер, младите се во првите редови.

Причините за засилените националистички манифестации, професор Нелко Стојановски ги гледа во претстојните избори, но и во лошата економска состојба. Секогаш, и во поранешна Југославија, кога политичарите немаа решение за економските проблеми тие разгоруваа национализам, вели тој, и додава дека националистичките пораки имаат најголемо влијание врз младите, кои најчесто реагираат емотивно, а не рационално.

„Со што друго би можеле во моментов да ги окупирате младите, да им обезбедите некоја посветла иднина, работа, друга перспектива, освен тоа дека нацијата е пред сè. Вакви запаливи говори се познати во историјата и секојпат носеле поени, особено за некои политичари.“
Национализмот, некогаш многу отворено, а некогаш сосема индиректно, но доволно штетно, го поттикнува токму државата и владејачките политички елити. На другата страна на политичките барикади се наоѓаат и оние кои сакаат да дојдат до власт преку кокетирање со национализам, така што овој вирус на национализмот е на највисоки нивоа, широко распространет, длабоко вкоренет, бидејќи немаат решенија за вистинските проблеми.
Џабир Дерала, невладина организација Цивил.

Стојановски вели дека ваквите националистички пораки може да имаат далекусежни негативни последици за соживот.

„Треба да се направи напор од врвните политичари да бидат многу поодмерени во настапите и во изјавите и да не се натпреваруваат кој ќе се прикаже како поголем албански или македонски националист. Меѓутоа изгледа дека тоа е поедноставно да се каже, отколку да се постигне“, вели Стојановски.

Џабир Дерала од невладината организација Цивил, кој долго време работи на помирување и интегрирање по конфликтот од 2001 година, вели дека со „спонзорирањето национализам“ се врти вниманието на јавноста од суштинските проблеми.

„Национализмот, некогаш многу отворено, а некогаш сосема индиректно, но доволно штетно, го поттикнува токму државата и владејачките политички елити. На другата страна на политичките барикади се наоѓаат и оние кои сакаат да дојдат до власт преку кокетирање со национализам, така што овој вирус на национализмот е на највисоки нивоа, широко распространет, длабоко вкоренет, бидејќи немаат решенија за вистинските проблеми“, вели Дерала.

Кршењето на човековите права и слободи и суспендирањето на демократијата е одлична почва за негување национализам кој во секој момент може да прерасне во отворен конфликт, вели тој, и додава дека младите се особено големи жртви на овие негативни состојби.

„И во системот на образование, преку медиумите и воопшто во општествениот живот, тие се задоени со национализам. Отворете учебник, ќе видите за што ви зборувам“, вели Дерала.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG