Достапни линкови

Интервјуто со Макрадули најкоментирано неделава


Илустрација.
Илустрација.

Неделното интервју со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, е најкоментиран текст оваа недела на нашата интернет страна.

Не сум жртвено јагне - тврди покрај другото кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. И одушевениот Ицо веднаш ја пишува својата порака: „Напред Јани - цело Скопје е со тебе!“ Но Јоцо, пак, веднаш му порачува на Макрадули да не си ја ишкал мувата од капата, а Перо прашува што имал направено за десетте години во политиката и потсетува дека Макрадули постојано бил на „државни јасли“.
И самиот знае дека ќе изгуби во дуелот со Коце, кажано со спортски жаргон, 10:0.
Коментар од читател.

Јосиф Давидов предвидува дека дуелот Коце наспроти Јани ќе биде 10:0, а налутениот Владо се согласува дека Јани Макрадули бил жртвено јагне на СДСМ и се согласува со него дека треба да се даде отчет за парите што ги потрошила владејачката ВМРО-ДПМНЕ, особено за оние употребени за проектот Скопје 2014. Но, го потсетува дека неговата партија требала да даде отчет за парите наменети за изградба и реконструкции, а не изградиле ниту обновиле ништо и прашува со што можеле да се пофалат и да го разубедат гласачкото тело дека ќе бидат подобри во иднина.
Исто така фактот што не ја посети ниту Словенија е силен знак дека дипломатските односи САД - Словенија се на многу ниско ниво.
Коментар од читател.

Судејќи според коментарите на информацијата дека Македонија била надвор од агендата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон за време на нејзината посета на некои земји во регионов, нема големо расположение за САД во земјава. МКД наведува дека Клинтон не ги посетила ниту Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија и иронизира со ставовите на експертите дека односите Македонија-САД никогаш во десетината години наназад не биле на пониско ниво: „На сите односите со САД им се за никаде, затоа не ги посети и тие земји“.

Мери од Кавадарци, покрај негативниот став кон Хилари Клинтон, го користи својот коментар да му најде маана на сегашниот претседател Обама за неговото однесување во претседателската кампања - што пеел и јавно се бакнувал со сопругата Мишел!?

А дека не сите млади не размислуваат за ниту еден проблем во земјава, затоа што немаат работа, ниту пари и затоа што се на јасли кај своите родители, како што напиша еден наш слушател неодамна во една своја порака, покажува текстот на Воислав Стојановски, младиот граѓански активист и член на Хелсиншкиот комитет за човекови права во нашата редовна рубрика младинска он-лајн колумна, кој ги анализира нерегуларностите на одлуките на Регулаторната комисија за енергетика. Слуштел потпишан како: „Империјата го возвраќа ударот“( напишано на англиски) се согласува со наводите во анализата на Стојановски и пишува дека судиите во Стразбур ќе плачеле кога ќе читале за одлуките на регулаторите. Александар смета дека на време треба да се спречи и продажбата на ЕЛЕМ, за која се зборува во последно време и дека, како што му изгледа нему, оваа власт веќе предолго била на власт и дека „престанала да работи за народот“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG