Достапни линкови

Најкоментирани „илузиите на македонските Коперфилди“


Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија.
Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија.

Текстот кој го отвора прашањето до кога ќе може да се создава илузија дека во Македонија „тече мед и млеко“ е најкоментиран на нашата веб-страна.

За крајот на илузијата на македонските Коперфилди и за растерување на маглата на илузијата која предолго трае, пишува новинарот на Радио Слободна Европа, и, очигледно, погодувајќи го нервот на граѓанинот, посетителите на нашата веб-страница ги „истуриле“ своите пораки.

Кога немаш аргумент за лажната гебелсова пропаганда на Владата прогласуваш предавници. Ќе дојде ден кога ќе ве снема оти вие, лажните пророци и заштитници на идентитетот сте всушност најголемите предавници!
Коментар од читател.
Палчо од Скопје напишал: „Какви Коперфилди бре, овие се Минхаузени„. Некој потпишан само со „Скопје„ смета дека во Македонија е направен „совршено до монструозност ментален инженеринг на нацијата“. За патриотите и предавниците кои објавувале платени политички пораки во медиумите и го продавале националното идентитетско богатсво пишува слушател потпишан со „Трговци и шверцери“, а налутен Кумановец му возвраќа: „Кога немаш аргумент за лажната гебелсова пропаганда на Владата прогласуваш предавници. Ќе дојде ден кога ќе ве снема оти вие, лажните пророци и заштитници на идентитетот сте всушност најголемите предавници!„.
Премиерот Никола Груевски на собраниската седница на која се гласаше за доверба на Владата.
Премиерот Никола Груевски на собраниската седница на која се гласаше за доверба на Владата.

И Иле од Битола пишува дека Груевски мора да си оди оти народот веќе се изморил од лагите на владата, а Филип од Скопје претпоставува дека новинарот се воздржувал да ги наброи сите лаги на оваа власт, но дека „Грујо и компанија“ - како што пишува, се махери за пропаганда, па го споредува премиерот со корејскиот водач Ким Ил Сунг, кој секој ден преку телевизиите вели дека во Македонија е најубаво од цел свет, а ние, вели си знаеме како живееме.

МКД меѓутоа забележувал напори од страна на политичарите да се подобри ситуацијата, но дека за тоа требало време, како одговор на Марија од Скопје која мисли дека живееме во паралелен универзум, зашто оние кои плукаат по авторот на текстот живеат „во најдобра можна Македонија, а јас, кога ќе земам плата, за една недела останувам без пари плаќајќи ги само сметките и ми иде да си пукам во нога“.

Јован Сп. од Битола се радува што „канџите на ’патриотите‘ не досегаат до Радио Слободна Европа да го затворат и него и дека изгледа уживаат кога гледаат елка накитена со многу балончиња.

Некој потпишан со: „Млад и бесперспективен“ извикува: „Катастрофа е луѓеее, отворете очи...“

Енес Ибрахим, претседател на невладината УФУК во нашата младинска он-лајн колумна пишува за малиот придонес на Охридскиот рамковен за турската заедница во Македонија. Текстот има прилично коментари кои се согласуваат со него, како на пример на Јусуф од Струмица кој пишува дека во источниот дел од земјава можеби е и полошо од 2001, кога Договорот бил најдоброто решение за Македонија. Или Махмут од Гостивар кој смета дека со Рамковниот, што бил потпишан од две македонски и две албански партии, биле заборавени Турците во Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG