Достапни линкови

Власта се колне во ЕУ, но дали навистина сака таму?


На политичката и бизнис елита во земјава, им одговара моменталната позиција во која се наоѓа земјава, а тоа е надвор од вратите на европските структури, велат дел од аналитичарите.

Неколку дена по позитивните оценки и реакции од извештајот за напредок на нашата земја, домашните аналитичари се сомневаат во вистинската проевропска посветеност на надлежните институции.
Кога ќе читаме во извештаите на ЕК, кога ќе ни кажат дека законот за тоа и тоа е донесен, меѓутоа не се применува, тоа го пишуваат затоа што од авион се гледа дека не се применува, а не затоа што е направена некаква анализа. Во моментот кога ќе се направи скринингот ќе се обелодени колку во Македонија законите не се применуваат, во тој случај голем дел од „шминката“ што ја прави владата со божемната европска интеграција, ќе падне во вода.
Лидија Димова, Центар за европско образование.

Лидија Димова од Центарот за европско образование, вели дека на политичката и бизнис елита во земјава, всушност им одговара моменталната позиција во која се наоѓа земјава, а тоа е надвор од вратите на европските структури.

„Кога ќе читаме во извештаите на ЕК, кога ќе ни кажат дека законот за тоа и тоа е донесен, меѓутоа не се применува, тоа го пишуваат затоа што од авион се гледа дека не се применува, а не затоа што е направена некаква анализа. Во моментот кога ќе се направи скринингот ќе се обелодени колку во Македонија законите не се применуваат, во тој случај голем дел од „шминката“ што ја прави владата со божемната европска интеграција, ќе падне во вода“, изјави Димова.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, 2009.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, 2009.

Според универзитетскиот професор Арсим Синани, процесот на македонските евроинитеграции вистински го поддржуваат само граѓаните и граѓанскиот сектор.

„Не велам дека во институциите нема индивидуално луѓе кои се заинтересирани, меѓутоа ако се гледа по кој пат одиме, јас мислам дека нашиот пат е спречен. Ние имаме два аршини, тоа што го мислиме и тоа што го правиме конкретно.“
Не велам дека во институциите нема индивидуално луѓе кои се заинтересирани, меѓутоа ако се гледа по кој пат одиме, јас мислам дека нашиот пат е спречен. Ние имаме два аршини, тоа што го мислиме и тоа што го правиме конкретно.
Арсим Синани, универзитетски професор.

Она што ги најмногу ги плаши политичките и бизнис структури во земјава е скрининг процесот на Европската унија. Во моментот кога тој ќе започне, ќе излезат на виделина декларативните заложби на македонските власти за евроатланската определба на Македонија, предупредува Димова.

„И тогаш ќе биде малку појасно, кој има корист од тоа, кој не сака да се помрднат работите, бизнис елитата, затоа што не може вака да работи, не можат да си ги делат тендерите како што си ги делат со властите, тоа не може да се случи и политичката структура во државата.“

Според Синани, пак, проблемот за името со Грција како главен кочничар во евроатланските интеграции се користи како алиби за одложување на потребните реформи кои Унијата од нас ги бара.

„Мислам дека е изговор, изговор за да се остане на ова статус кво, кое на нас реално не ни одговара.“

Според нашите соговорници, не треба да не чудат забелешките во извештајот дека голем дел од европските закони во земјава се донесуваат, но се одложува нивната примена до моментот на пристапување во Унијата.

Во моментот кога вистинските преговори ќе се отворат, мониторинг групите од Европската унија ќе имаат можност преку конкретни докази на терен да откријат дали и во која мера не се спроведува потребното законодавство во земјава, заклучуваат експертите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG