Достапни линкови

Предизборните активности во Куманово се засилуваат


Куманово.
Куманово.

Половина година пред претстојните локални избори во Куманово безмалку на секој агол се отвораат партиски штабови - и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Половина година пред претстојните локални избори во Куманово безмалку на секој агол се отвораат партиски штабови - и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Партиските активисти вработени во државните и локалните институции, но и невработените кои егзистенцијалниот спас го гледаат во победа на нивната партија постојано „дежураат“ во штабовите. Неопределените, пак, сметаат дека тешко живеат и дека сеедно им е кој ќе ја добие власта и на локално и на централно ниво. Затоа, зависно од определбата или неопределбата, запрашаните кумановци за мислење велат:
Тие најдобро знаат, ама да биде мирно, да не биде како 2001. Јас сум за тоа да се договорат и тие и тие. Јас сум СДСМ, сè уште не менувам, ама не сум ниту против ВМРО, бидејќи целата моја фамилија се ВМРО.
Анкетиран граѓанин на Куманово.

„Не разбирам што да кажам.“
Совет на општина Куманово.
Совет на општина Куманово.

„Тие најдобро знаат, ама да биде мирно, да не биде како 2001. Јас сум за тоа да се договорат и тие и тие. Јас сум СДСМ, сè уште не менувам, ама не сум ниту против ВМРО, бидејќи целата моја фамилија се ВМРО.“

„Рано е, ама тие сакаат кој повеќе да придобие гласачи.“

„Кој рано рани две среќи граби.“

„Мислам дека не е рано.“

РСЕ: Нема ли да им досади на граѓаните?

„Досадно им е, ама оваа беда веќе не се издржува, сите тоа го знаат, нормално.“
Како да е рано, кога знам таму каде што јас живеам кај Монопол, ВМРО веќе цела година има отворено штаб и луѓето се собираат. Сега се води трчи лажи политика, секој си ја врти водата на своја воденица. Страдаме ние кои воопшто не сме определени за ништо. Не ги сакам ниту СДСМ, ниту ВМРО. Сите се исти.
Анкетиран граѓанин на Куманово.

„Како да е рано, кога знам таму каде што јас живеам кај Монопол, ВМРО веќе цела година има отворено штаб и луѓето се собираат. Сега се води трчи лажи политика, секој си ја врти водата на своја воденица. Страдаме ние кои воопшто не сме определени за ништо. Не ги сакам ниту СДСМ, ниту ВМРО. Сите се исти.“

И додека некогаш граѓаните веруваа на предизборните ветувања чувствувајќи ја предизборната еуфорија, за поголемиот дел кумановци сега веќе се е поинаку.

„Сега гледај какви ветувања ќе има. Едно време се викаше „булдожер политика“ и сега патишта, улици ќе се ветуваат.“

Има и такви кои сметаат дека и кампањите и изборите веќе им се нешто непотребно. На гласање излегуваат само за да си ја исполнат граѓанската должност.

„Нам ни досадија изборите. Ако се прашувам јас не ни требаат избори.“

Во слободни разговори многумина коментираат дека од севкупната состојба кога тунелот е долг, а светлоста речиси и не се наѕира, единствена преокупација им е како да преживеат. За таквите бојата на власта нема никакво значење. За оние, пак, кои добро живеат под заштитата на власта, без оглед дали е централна или локална, се ближи период на секојдневни активности и докажувања, за да можат да си ги зацврснат позициите, но да успеат заслугите уште повеќе да си ги наплатат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG