Достапни линкови

Напредок има, но нема волшебно стапче за децата со пречки во развој


Образовниот систем дозволува децата со пречки во развој да се школуваат во редовни паралелки, наместо како порано во специјални паралелки.

Во времето на техничко-технолошкиот напредок кога има многу позитивни особености за развојот на децата, секако има и негативности. Но и динамичниот живот на луѓето, начинот на исхраната, односот на семејството,родителите кон потомството и времето кое тие можат да го посветуваат се само дел од ризик факторите за зголемениот број на деца со тешки, умерени и полесни пречки во развојот, велат дефектолозите Љубица Вујадиновиќ и Романа Орозовиќ од Куманово.
Системот на образованието во Македонија дозволува овие деца да се школуваат во редовни паралелки, а порано беа во специјални паралелки или седеа дома. Нашите паралелки досега беа поделени на деца со пречки во развојот и лесни пречки во развојот. Сега се и лесни и тешки и умерени во редовни паралелки.
Љубица Вујадиновиќ, дефектолог.

Дефектологот Љубица Вујадиновиќ, која повеќе од три децении во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово неуморно и со неизмерна љубов работи со аутистични деца вели дека за нив е неопходно големо трпение. Бројот на ваквите деца се зголемува, а и сегашните родители се повеќе бараат помош од стручњаци.

„Системот на образованието во Македонија дозволува овие деца да се школуваат во редовни паралелки, а порано беа во специјални паралелки или седеа дома. Нашите паралелки досега беа поделени на деца со пречки во развојот и лесни пречки во развојот. Сега се и лесни и тешки и умерени во редовни паралелки.“

РСЕ: Како функционираат тие паралелки?
Можеби родителите сега се повеќе едуцирани, посвесни, информирани, а порано не знаеја како треба да се работи со нив. Но сега и самата природа на оштетувањата кај децата дава поголем број деца со проблеми во говорот и во однесувањето, учењето.
Романа Орозовиќ, логопед.

„Тешко функционираат оти зависи од снаодливоста, инвентивноста на наставникот, делење деца во групи. Се снаоѓаме.“

А што мислат родителите за тоа:

„Не би требало тие деца да бидат заедно. Не би било добро да бидат заедно.“

РСЕ: Доколку се работи со децата со пречки во развојот и тие се во редовни паралелки каков е напредокот?

„Напредок има, волшебно стапче нема. Аутизам е нешто ново во светот, се бараат средства и начини како да им се помогне на овие деца. Ние се обучуваме, читаме, следиме по интернет“, вели дефектологот Вујадиновиќ.

Дали е тешко да се работи со аутистични деца,особено ако е тоа долг работен век, таа вели дека е најдобро кога секој соодветно ќе се најде во својата професија.

„Јас сум исполнета, но оваа професија бара подобри услови.“

И логопедот Романа Орозовиќ секојдневно работи на отстранување на говорните маани кај децата. Таа додава дека рапидно се зголемува бројот на овие деца, поради што смета дека има потреба од вработување на повеќе логопеди во училиштата.

„Можеби родителите сега се повеќе едуцирани, посвесни, информирани, а порано не знаеја како треба да се работи со нив. Но сега и самата природа на оштетувањата кај децата дава поголем број деца со проблеми во говорот и во однесувањето, учењето.“

Орозовиќ вели дека многу фактори влијаат на развојот на децата:

„Презафатеноста на родителите, непосветеноста на децата недоволно внимание, родителите одат на работа, во странство, а го оставаат детето само да седи пред цртан филм, мирно е, а тоа се одразува на психата на децата. Има случаи каде се учат англиски да зборуваат, а својот македонски не.“

Не може да се пренебрегне ниту начинот на чување, на исхраната, севкупниот живот на децата.

„Повеќе ризик фактори. Уште во преднаталниот период почнува тоа.“

За напредокот на децата од посетите на логопедот во споредба со оние од пред две децении, Орозовиќ вели:

„Индивидуално е, а повеќе напредуваат оние деца чии родители соработуваат со мене, вежбаат со децата дома, слушаат. И медиумите не се само штетни. И тие им помагаат на децата. На пример, медиумите помагаат за послаб логопедски проблем преку игри на интернет, цртани филмови, кои затоа и се викаат така, не се за баба и дедо, туку за децата. Но тоа треба да биде во умерена доза, не цел ден и цела ноќ децата да гледаат. Зависи и од дете, од фамилија, од едуцираноста на родителите, од многу фактори.“

И покрај тешкотиите со кои се соочуваат и стручњаците и семејствата во кои има деца и со минимални пречки во развојот, или проблеми во говорот, овие деца не пружаат отпор да одат кај дефектолозите. Можеби затоа што овие учителки имаат специфичен пристап кон нив.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG