Достапни линкови

Поскапувањата болат најмногу кај најсиромашните кумановци


Куманово.
Куманово.

Се чини дека летото и високите температури се уште не ја покажуваат сериозноста на поскапувањата на основните животни трошоци.

Поскапувањето на струјата, како и укинувањето на евтината тарифа, со тоа и зголемувањето на животните трошоци, несомнено најповеќе ги засега најсиромашните граѓани во Куманово. И додека едните велат дека нема да имаат ниту за прехрана, па ќе се зголемуваат редици пред контејнерите за отпад, другите се револтирани, но како што велат немоќни. Некои, пак, се индиферентни и сметаат дека ќе мораат уште повеќе да штедат и ќе живеат од она малку што го имаат.
Осум години сум без работа и во оваа држава не можам да земам социјална помош. Во сите држави, па и во Занзибар може да се зема социјална помош кога си невработен, само овде не може. Страшно. Струјата нека дојде да ми ја плати претседател и премиер. Само да се „одлепиш“ и на сред плоштад да повикаш камери и да врескаш. Тоа е во оваа држава.
жителка на Куманово.

Летото и високите температури се чини се уште не ја покажуваат сериозноста на егзистенцијалниот проблем, а за есен очекуваат некакви граѓански иницијативи и барем малку светлина во безнадежната состојба. Запрашани за соочување со овој проблем дел од кумановци забележуват:

„Зимоска се грееме на струја. Треба малку да заштедам ако може да се спремам за зима. Не правам многу зимница. Колку има.“

„Осум години сум без работа и во оваа држава не можам да земам социјална помош. Во сите држави, па и во Занзибар може да се зема социјална помош кога си невработен, само овде не може. Страшно. Струјата нека дојде да ми ја плати претседател и премиер. Само да се „одлепиш“ и на сред плоштад да повикаш камери и да врескаш. Тоа е во оваа држава“, вели средовечна кумановка.
Покачувањето на струјата не е реално според трошоците за животот. Треба да има некоја граѓанска иницијатива и на некој начин да се регулира таа законска регулатива за формирање на цена на струја и на некои други комунални трошоци.
жителка на Куманово.

РСЕ: Како вие ќе се справите со оваа состојба?

„Тешко! Покачувањето на струјата не е реално според трошоците за животот. Треба да има некоја граѓанска иницијатива и на некој начин да се регулира таа законска регулатива за формирање на цена на струја и на некои други комунални трошоци.“

РСЕ: Зошто нема граѓанска иницијатива?

„Очигледно дека им е добро. Бидејќи никој масовно не иницира ништо веројатно така им одговара. Не знам!“

„Ајдуци, лопови и криминалци ја изедоа државата. Изедоа, уште луѓето да ги изедат и да бидат раат.

„Ќе треба да трпиме и да собираме леб по канти. До тука сме држава, до тука сме дошле. Таква ни е власта таков ни е законот. Да се изеде се,за нас да нема ништо.“

„Трпам. Со поскапувањето нема крај. Нема продукти што не поскапеа, а пензијата и платата стојат во мирување и на мртва точка. Цените растат 200 посто, а пензијата и платата растат 80 до 90 посто во минус. Секој месец кинат.“

За добро ситуираните кумановци зголемувањето на животните трошоци не е никаков проблем.

„Јас работам, сите сме добро згрижени и не сум засегнат, имам да платам. Не треба да поскапува, ама тоа е.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG