Достапни линкови

Охрид полупразен за Илинден


Плажа во Охрид.
Плажа во Охрид.

Ако за празникот Илинден важеше правилото дека во Охрид се случува шпицот на туристичката сезона, овојпат по се изгледа нема да е така. Становите и куќите кои охриѓани ги нудат на туристи велат дека зјаат празни и оти гости во градот има многу малку.

За празникот Илинден во Охрид не можеше да се најде слободен кревет. Во градот вриеше од гости. Туристите не молеа да не ги оставаме на улица, ќе платат и двојно само да има каде да преспијат. Со сопругот спиевме во подрум, а децата кај другари. Цела куќа беше полна со гости, ни рече една охриѓанка која десет години издава соби за туристи. Вели дека овој Илинден ќе биде најслабиот досега, исто како и туристичката сезона во целина.
За Илинден ние сме имале многу гости. Туристите плачеа за соби, сега нема никој ни да не праша за соба. Нема шанса да има гости, бидејќи уште неколку дена луѓето ќе се слободни и потоа ќе одат на работа. Ова е најслаба година досега. Туристите не знам каде одат. Во Грција, Албанија, Турција ли одат?.
Охриѓанка која издава соби за туристи.

„За Илинден ние сме имале многу гости. Туристите плачеа за соби, сега нема никој ни да не праша за соба. Нема шанса да има гости, бидејќи уште неколку дена луѓето ќе се слободни и потоа ќе одат на работа. Ова е најслаба година досега. Туристите не знам каде одат. Во Грција, Албанија, Турција ли одат?“
Станоиздавател во Охрид.
Станоиздавател во Охрид.

„Го промовираа Охрид како најнетуристички град“, вели еден станоиздавател.

„Ништо немаме. Слабо е. Многу лоша реклама има за Охрид. Еве празникот утре е“, вели друг станоиздавател.

За Илинден по традиција во нашиот најголем туристички центар се случуваше шпицот на туристичката сезона. Но, барем засега како стојат работите годинава нема да е така. Претседателот на охридските угостители Димитар Пендо сепак се надева дека Охрид за празниците конечно ќе заживее.
Секогаш викендов за Илинден бил шпицот на летната сезона. После Илинден ќе се намалува бројот на гости кои престојуваат во регионот. Но затоа на крајот од август ќе се зголеми интензитетот на странци кои ги работат балканските тури кои патуваат низ регионот и ќе се компензира едното со другото.
Дончо Таневски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија.

„Иако оваа сезона нејзиниот почеток не е на она ниво на кое што очекувавме, се надеваме дека со илинденските празници, Охрид навистина ќе заживее и ќе дојдат оние гости кои ги посакуваме, ќе го наполнат градот, рестораните и плажите и хотелите и колку толку да ја поправат годинешнава туристичка сезона. Годинава има многу малку гости од Србија и Бугарија. Мислам дека повеќе внимание треба да се посвети на соседството“, вели Пендо.

И Дончо Таневски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија очекува Охрид во вистински светло да се покаже токму за Илинден.

„Секогаш викендов за Илинден бил шпицот на летната сезона. После Илинден ќе се намалува бројот на гости кои престојуваат во регионот. Но затоа на крајот од август ќе се зголеми интензитетот на странци кои ги работат балканските тури кои патуваат низ регионот и ќе се компензира едното со другото“, вели Танески.

И покрај сè, за овој Илинден Охрид ќе понуди богата културна и забавна програма. На повеќе локации ќе настапуваат неколку домашни и музички имиња од соседството, а примамлива програма има и на Охридско лето. Во тек е и Илинденската регата низ езерото, а на 2 август ќе се одржи и малиот Илинденски пливачки маратон.
XS
SM
MD
LG