Достапни линкови

ОИ: Осум бадминтон играчи дисквалификувани


Меѓународниот олимписки комитет дисквалификува осуммина олимпијки за недолично однесување, бидејќи се обиделе да ги загубат нивните прелиминарни натпревари. Постојат наводи дека две двојки во женска конкуренција правеле се за да загубат со цел да добијат полесни противници во натамошните мечеви. Публиката во Вембли арената почнала да негодува откако спортиските од Кина, Јужна Кореа и Индонезија пропуштале удари и намерно сервирале во мрежата. Тренерот на Јужна Кореа призна дека четири негови играчки се обиделе да загубат од кинескиот тим кој е светски првак, како и од Индонезија. Тој додаде дека тоа било одмазда против кинескиот тим кој ја поттикнал целата фарса. Според етичкиот код на Меѓународниот олимписки комитет, учесниците не смеат на каков било начин да се обидуваат да влијаат врз текот и резултатот на натпреварот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG