Достапни линкови

МПЦ - Црквата има право да се заштити од сквернавење


Членките на радикалната феминистичка организација „Pussy Riot“ пеат на Лубное Место(челно место), каде што порано се крунисувале руските цареви и каде што се изведувале јавни погубувања, на Црвениот Плоштад во Москва на 20 јануари 2012.
Членките на радикалната феминистичка организација „Pussy Riot“ пеат на Лубное Место(челно место), каде што порано се крунисувале руските цареви и каде што се изведувале јавни погубувања, на Црвениот Плоштад во Москва на 20 јануари 2012.

Пред неколку месеци во Русија беа приведени три девојки за обид да одржат протестен концерт на олтарот во московска црква. Им се заканува до 7 години затвор.

Пред неколку месеци во Русија беа приведени три девојки поради тоа што се обидоа да одржат протестен концерт на олтарот во московска црква Катедрала на Исус Спасителот. Тие се обвинети дека на „хулигански начин“ протестирале во Црква против владеењето на претседателот Владимир Путин и со тоа ги повредиле чувствата на верниците кои биле присутни во Црквата. Членките на радикалната феминистичка организација „Pussy Riot“ со провокативни настапи протестираат против политиката на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефот на кабинетот на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, Бобан Митевски.
Шефот на кабинетот на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, Бобан Митевски.

Разговаравме со шефот на кабинетот на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, Бобан Митевски за тоа како гледаат на протестот и како би реагирала МПЦ доколку некој протестира во македонска црква слично како во Русија.
Сметаме дека тоа може да се изрази на многу други начини, ние сме демократско општество и дека тоа може да се случува на многу други места, но не на места каде што се извршува една своевидна светиња, односно каде што му се служи на бога. Храмовите се место каде што се извршува светиња, односно каде што се принесуваат жртви и молитви на бога и тоа е своевиден чин кој што сам по себе е свет. Поради тоа сметаме дека таков начин на недолично или, пак, за некого долично однесување, не смее да се спроведува во православните храмови или во чиј било храм на која било религија.
Бобан Митевски, шеф на кабинетот на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

РСЕ: Како гледате на овој протест и на реакцијата на Руската православна црква?

Сметаме дека храмовите, односно црквите, не се место каде што треба да се изразуваат какви било протести, односно протести насочени кон која било личност или протести насочени кон чие било мислење, односно верување или убедување. Сметаме дека тоа може да се изрази на многу други начини, ние сме демократско општество и дека тоа може да се случува на многу други места, но не на места каде што се извршува една своевидна светиња, односно каде што му се служи на бога. Храмовите се место каде што се извршува светиња, односно каде што се принесуваат жртви и молитви на бога и тоа е своевиден чин кој што сам по себе е свет. Поради тоа сметаме дека таков начин на недолично или, пак, за некого долично однесување, не смее да се спроведува во православните храмови или во чиј било храм на која било религија.

РСЕ: Хипотетички кажано, што би направиле доколку такво нешто се случи во Македонија, како примерот во Русија?

Значи, доколку се случи да биде наменето лично против православната црква или против некој нејзин став околу некои модерни општествени текови, или против личности од самата православна црква и истото се случи во православен храм, секако луѓето коишто работат во храмот би реагирале на соодветен начин, сето тоа да се спречи. Доколку е тоа наменето против некоја личност ние би сугерирале на оној кој што протестира, доколку се работи за политичка личност, дека тоа не смее да се прави во православен храм и дека има место каде што можат тие работи да се прават, односно да се постапува како што тие мислат да постапуваат.

РСЕ: Во контекст на постапката после тоа, примерот со Русија е дека девојките може да бидат осудени на 7 години затвор за душевна повреда и за повреда на моралните чувства на верниците кои биле во црквата. Што мислите, дали е тоа престрога казна и како би требало поинаку?
Обвинетите Надежда Толоконикова, Екатерина Самутсевич и Марија Алјохина пред суд. Им се заканува до 7 години затвор.
Обвинетите Надежда Толоконикова, Екатерина Самутсевич и Марија Алјохина пред суд. Им се заканува до 7 години затвор.

Па не мислам дека е престрого, затоа што секој што дејствува на овој или оној начин треба да мисли, што може да има консеквенци по однос на неговото дејствување. Не значи дека ако тој го направил тоа на некое место, дека е навистина во право тоа што го направил. Секако, храмот за сите верници е голема светиња, како што во минатото карикатурата на Мухамед покрена толкава прашина во исламската јавност, значи секако би биле повредени чувствата на православните верници. Значи штом некој има право да реагира поради ова или она, како став на православната црква, на пример против хомосексуализам, против некакви нови општествени текови, така и православните имаат свој начин, односно може да ги користат инструментите и да си се заштитуваат со истата мерка. Затоа ние апелираме дека секој треба да мисли на кој начин и како треба да реагира. Да, добро е да го каже својот став, добро е да се слушне сечиј став околу една работа, ама сепак тоа да биде на еден достоинствен начин, да биде на едноставно демократски начин. Демократскиот начин не значи да го кажам само своето, туку значи дека треба да внимавам и на другото и на туѓото.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG