На првиот ден од натпреварувањата на Олимписките игри 2012 збеше забележан дипломатски инцидент кога репрезентацијата на Северна Кореа во фудбал за жени го напушти теренот на стадионот во Глазгов откако на видео бимот покрај нивните имиња и слики беше прикажано знамето на Јужна Кореа. Тоа доведе до над едночасовно одложување на натпреварот во кој потоа севернокорејките ја победија репрезентацијата на Колумбија со 2 спрема нула. Организаторите на Олимписките игри им се извинија на спортистките од Севeрна Кореа поради грешката. Двете Кореи техички се уште се наоѓаат во војна по тригодишниот конфликт во почетокот на пеесетите години од минатиот век кој заврши со примирје. Фудбалските турнири во женска и машка конкуренција почнаа пред официјалниот старт на Олимпијадата на 27 јуни во Лондон.
Репрезентацијата на Северна Кореа во фудбал за жени го напушти теренот на стадионот во Глазгов беше прикажано знамето на Јужна Кореа.