Достапни линкови

Ни Брза помош не може да стигне од „легнати полицајци“


Илустрација.
Илустрација.

Легнати полицајци незаконски поставени на магистралниот пат Тетово-Јажинце ја попречуваат ефикасноста на работата на службата за Брза помош и Противпожарната единица од Тетово.

Освен што се поставени незаконски, тие го попречуваат и нормалното функционирање на институциите. Станува збор за таканаречените легнати полицајци незаконски поставени на магистралниот пат Тетово-Јажинце.
Поради тие грпки мора да се вози бавно, тоа е една работа. Исто е и за назад кога се транспортира болниот, на двете страни губиме време.
Гзим Нуредини, началник на службата за Брза помош во Тетово.

Овие грпки на патот ја попречуваат ефикасноста на работата на службата за Брза помош и Противпожарната единица од Тетово. Пречките на овој пат ги спречуваат возилата на Брза помош навреме да стигнат до селата кои гравитираат покрај овој патен правец, а лекарите да им овозможат помош на итните случаи.
Илустрација: Противпожарни возола.
Илустрација: Противпожарни возола.

Според началникот на службата за Брза помош, Гзим Нуредини, треба што поскоро да се најде решение за овој проблем кој трае со години. Во спротивно, пациентите страдаат, а понекогаш минутите се многу важни за спасување на нечиј живот.
Губиме многу време додека да ги поминеме тие легнати полицајци и така на 10 минути при секој пожар задоцнуваме.
Фарис Џемаили, Командирот на терторијалната противпожрана единица во Тетово.

„Поради тие грпки мора да се вози бавно, тоа е една работа. Исто е и за назад кога се транспортира болниот, на двете страни губиме време.“

Поради грпките на патот на мака се и тетовските пожарникари. Во случај на гаснење на пожари кои се многу чести покрај овој патен правец, противпожарните возила доцнат и по десетина минути. Поради тоа, пожарите навреме не се гаснат, а населението трпи огромни штети, појаснува командирот на терторијалната противпожрана единица во Тетово, Фарис Џемаили.

„Губиме многу време додека да ги поминеме тие легнати полицајци и така на 10 минути при секој пожар задоцнуваме.“

Надеж дека проблемот ќе се реши даваат од јавното претпријатие Македонија пат. Тие најавуваат дека легнатите полицајци на патниот правец Тетово Јажинце ќе бидат минато. Според раководителот на ЈП Макеоднија пат, Џемаледин Ислами проблемот ќе се надмине откако покрај патот ќе се постават неколку семафори и сообраќајни знаци за ограничувања на брзината на возење.

Според сообраќајните прописи, легнати полицијаци не смее да има на ваков пат што има регионално и меѓугранично значење. Поради тоа минатата година Министерството за траснпорт и врски донесе решение да се остранат сите пречки на овој патен правец. Но мештаните од тетовските села Џепчиште и Порој не дозволија да се отстранат легантите полицајци кои самите ги имаат поставено, сметајќи дека се потребни за да се спречи пребрзото возење на овој патен правец.
XS
SM
MD
LG