Достапни линкови

Опозицијата обвинува за партиски бизнис со охридската болница


Министерот за здравство, Никола Тодоров во посета на болницата во изградба во Охрид.
Министерот за здравство, Никола Тодоров во посета на болницата во изградба во Охрид.

Од СДСМ обвинуваат за непотизам бидејќи новото болничко крило во охридската болница ќе го гради фирма сопственост на дедото на пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Спасеновски. Директорот на болницата смета дека обвинувањата се за добивање политички поени.

Охридските социјалдемократи обвинуваат за непотизам во изградбата на дел од општата болница во Охрид. Според нив додека охриѓанки се породуваат во Струга, фамилијата печали пари во Охрид.
Сега се виде дека играта со тендерите и прекинувањето на градбите било само поради желбата парите и профитот да останат во кругот на фамилијата. Играта заврши, болницата конечно ќе ја догради дедото на зетот- пратеник и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски.
Науме Јовановски, СДСМ, Охрид.

Претседателот на Општинскиот комитет на СДСМ во Охрид, Науме Јовановски обвини дека тендерот за изградба на новото болничко крило го добила фирмата на дедото на пратеникот од ВМРО-ДПМЕ, Александар Спасеновски, „Виа Доо“ од Вевчани.
Науме Јовановски, претседател на Општинскиот комитет на СДСМ во Охрид.
Науме Јовановски, претседател на Општинскиот комитет на СДСМ во Охрид.

„Сега се виде дека играта со тендерите и прекинувањето на градбите било само поради желбата парите и профитот да останат во кругот на фамилијата. Играта заврши, болницата конечно ќе ја догради дедото на зетот- пратеник и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски. На наводната електронска аукција министерството за здравство ја одбра фирмата на дедото на Спасеновски „Виа Доо“ од Вевчани на чија сметка ќе легнат најмалку 200 милиони денари“, рече Јованоски.
Тие кои не знаат што сакаат во целата оваа политичка конструкција која почнува предизборно во Охрид да се загрева, прават некои сплетки меѓу граѓаните. Сите знаеме, а тие најмногу знаат дека сите тендери се јавни и секој граѓанин на Македонија може да учествува.
Љубен Арнаудов, Директор на охридската болница.

Груевски и Тодоров не кријат дека градежните зафати досега беа повеќепати стопирани, поради големите пропусти на претходните изведувачи, но не кажуваат кој ќе понесе одговорност за досега попусто потрошените пари велат од СДСМ. Според нив долгиот процес на реконструкција се користел за перење пари, при што биле вклучени и бугарски градежни фирми.

Директорот на охридската болница Љубен Арнаудов, за Радио Слободна Европа рече дека на сметка на болницата и пациентите некој сака политички да профитира.

„Тие кои не знаат што сакаат во целата оваа политичка конструкција која почнува предизборно во Охрид да се загрева, прават некои сплетки меѓу граѓаните. Сите знаеме, а тие најмногу знаат дека сите тендери се јавни и секој граѓанин на Македонија може да учествува.“

Арнаудов кажа дека е задоволен од фирмата која сега ја гради болницата за разлика од онаа од Бугарија која не била способна да гради еден ваков објект. Тој очекува градежните работи да завршат во предвидениот рок, но пуштањето со работа ќе зависело од инсталирањето на опремата, процес кој требало внимателно да се заврши.

Од министерството за здравство и покрај обидот не успеавме да добиеме одговор на обвинувањата од СДСМ. Инаку работите започнаа уште во октомври 2010 година, а од тогаш до денес не функционираат неколку одделенија меѓу кои и оние за гинекологија и хирургија. Пациентите овие услуги ги добиваат во соседна Струга.
XS
SM
MD
LG