Достапни линкови

Ем добредојдени, ем ќе добиваат налепница


Македонските граѓани при влегувањето во Грција ќе добиваат налепници на задното стакло од нивните возила. Грчката канцеларија за врски во Скопје соопштува дека македонските граѓани се добредојдени во Грција.

Грчката канцеларија за врски во Скопје со официјално соопштение денеска појасни дека она што македонските граѓани ќе го добиваат при влегувањето во Грција се налепници на задното стакло од нивните возила со цел да ја изрази резервираноста на Грција кон ознаката МК.
Сметаме дека енергијата треба да биде фокусирана на делот на соработката, а не на делот на креирање на бесрамни и неосновани провокации од типот на оние инцидентни појави на лепење на налепници.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.

Оттаму ги негираат, како што се наведува, гласините дека овие етикети се ставаат на самите регистерски таблички како и тоа дека тие ќе бидат наплатувани. Во соопштението, ваквата постапка се оправдува со меморандумот за спроведување на времената спогодба.

Македонските експерти не гледаат основа во времената спогодба за вакво нешто.

„Провокативно се однесува Република Грција, сакајќи на тој начин да ни стави до знаење дека еве и ние сме една од овие двете странки што не ја посакува времената спогодба, затоа што нели ние имавме тужба против нив за прекршување на времената спогодба, вели професорот Осман Кадриу.
На нас сега не ни одговара повторно да се зајадеме за некоја глупава тема со Грција, кога веќе сакаме и бараме компромис со нив и бараме некои работи кои на нас би ни одговарале Грција да ни ги даде.
Перо Димшоски, поранешен државен секретар во секретаријатот за европски прашања.

Во македонското МВР досега нема пријава од граѓани дека имале вакво искуство при патувањето во Грција, велат од оваа институција.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, вчера информираше дека е реагирано на дипломатско ниво на ваквите поплаки кои ги нарече бесрамни и неосновани провокации од страна на јужниот сосед.

„Сметаме дека енергијата треба да биде фокусирана на делот на соработката, а не на делот на креирање на бесрамни и неосновани провокации од типот на оние инцидентни појави на лепење на налепници.“

Перо Димшоски, поранешен државен секретар во секретаријатот за европски прашања, вели дека се непотребни какви и да реакции од наша страна кои би добиле димензии кои не ни одговараат, со оглед на потребата да се надмине спорот и да се одблокираат процесите кои се клучни за македонската иднина, а целиот проблем да се сведе на бирократско ниво.

„На нас сега не ни одговара повторно да се зајадеме за некоја глупава тема со Грција, кога веќе сакаме и бараме компромис со нив и бараме некои работи кои на нас би ни одговарале Грција да ни ги даде.“

Македонските граѓани се добредојдени во Грција и сите обиди да бидат обесхрабрени се контрапродуктивни, порачуваат во соопштението од грчката канцеларија за врски во Скопје.
XS
SM
MD
LG