Достапни линкови

Нема отворени прашања меѓу Македонија и Косово


Изјава за медиумите на министрите за надворешни работи на Македонија и Косово Никола Попоски и Енвер Хоџај.

Министрите за надворешни работи на Косово и на Македонија, Енвер Хоџај и Никола Попоски по денешната средба во Скопје констатираат дека односите меѓу двете земји се одлични и дека нема отворени прашања.

Билатереалните односи меѓу Македонија и Косово се одлични и немаме отворени прашања, заеднички констатираа министрите за надворешни работи на Косово и на Македонија, Енвер Хоџај и Никола Поповски по денешната средба во Скопје. Тоа што немаме отворени прашања, значи дека ќе се фокусираме на нови иницијативи и идеи, најави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Сметам дека во многу аспекти Косово и Македонија претставуваат определена одредница за тоа како можеме да ги градиме нашите односи и како можеме да поставиме пример за значењето за таа соработка која можеме да ја имаме во остварување на заедничките цели.
Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

„Сметам дека во многу аспекти Косово и Македонија претставуваат определена одредница за тоа како можеме да ги градиме нашите односи и како можеме да поставиме пример за значењето за таа соработка која можеме да ја имаме во остварување на заедничките цели.“

Драгоцена е економската соработка во делот на трговската размена и странските инвестиции, но и во делот на интеграциите. За Косово е и од исклучителна важност помошта што може да ја добие од Македонија во овој дел.

„Очекуваме подршка од нашата соседна земја Македонија во аспектот за либерализација на визите и исто така што се однесува до подготовка на физибилити студија што ќе се направи за Договорот за асоцијација и стабилизација на Косово“, изјави Хоџај.
Очекуваме подршка од нашата соседна земја Македонија во аспектот за либерализација на визите и исто така што се однесува до подготовка на физибилити студија што ќе се направи за Договорот за асоцијација и стабилизација на Косово.
Енвер Хоџај, министер за надворешни работи на Косово.

Соработка на полето на енергетиката, инфраструктурата, локалната самоуправа но и кон отворање на овој дел од Европа како вредна туристичка дестинација, потоа граничната соработка и разни други иницијативи биле дел од денешната средба на двајцата колеги.

Со Македонија имаме потпишано најмногу договори и е една од првите земји кои го призна Косово и со кое воспостави дипломатски односи, потенцираше Хоџај.

Министерот Попоски го посети Косово кон крајот на минатата година како дел од обидите двете земји да ги продлабочуват односите меѓу себе и во рамките на регионот со цел заедничко приближување кон меѓународните организации. Македонија воспостави дипломатски односи со Косово пред две и пол години, една година откако ја призна нововостановената држава.
XS
SM
MD
LG