Достапни линкови

Полска и Украина испаднаа, но се добри домаќини


Според Мишел Платини домаќините на шампионатот се одлични, а за одвоените инциденти има и заслужени парични казни за 5 национални федерации.

Претседателот на УЕФА Мишел Платини им оддаде признание на Полска и на Украина за досегашното успешно организирање и спроведување на Европското првенство во фудбал. Платини изјави дека Полска и Украина, како домаќини, ги исполниле сите нивни обврски на високо ниво и оти нема никакви забелешки.

На шампионатот, кој започна на 8-ми јуни, досега имаше одредени инциденти,
одвоени расистички испади и недолични однесувања. До денеска, УЕФА изрече парични казни во вкупен износ од 374.000 евра, за 8 случаи, осносно 5 национални федерации и за данскиот фудбалер Никлас Бенднер.

Инаку, на шампионатот, и двата домаќини, Полска и Украина испаднаа од натамошните натпреварувања. Во четвртфиналето, утре играат Чешка против Португалија, Грција – Германија, Шпанија – Франција и Англија - Италија.
XS
SM
MD
LG