Достапни линкови

Над 4 милиони евра награда за Украинците - ако победат


Ако успешно се пласира во финалето, украинскиот тим ќе добие парична награда од 3 милиони евра

Украинската репрезентација ќе добива по 500.000 евра за секоја победа на претстојното европско првенство во фудбал. Шефот на Украинската фудбалска федерација Григори Суркис рече дека тимот ќе биде награден со 250,000 евра доколку одигра нерешено. Репрезентацијата ќе биде наградена со три милиони евра доколку се пласира во финалето, пари кои играчите меѓусебно ќе си ги поделат. За победа на првенството на украинците им е ветена парична награда од 4,5 милиони евра. Вреди да се спомене дека репрезентацијата се смета за една од најслабите на претстојното првенство, кое ќе се одржува на терени во Украина и Полска. На германската репрезентација им е ветена награда од 400,000 американски долари ако победат.
XS
SM
MD
LG