Достапни линкови

Новиот претседател на Србија меѓу ЕУ и Русија


Томислав Николиќ
Томислав Николиќ

Новиот претседател на Србија Томислав Николиќ по изборите повтори дека нема да ја врати Србија од европскиот пат. Сепак, некои се сомневаат во тоа со оглед на неговата радикална антиевропска и проруска политичка заднина. Неговата прва дестинација во странство по изборите е токму Москва на конвенцијата на владејачката Обединета Русија.

Претпазливост во проценката за тоа како новиот српски претседател Томислав Николиќ ќе се однесува на надворешно политички план, наведува дописничката на Радио Слободна Европа од Белград Бранка Михајловиќ која разговараше со неколкумина експерти.

Мое мислење е дека ни самиот Николиќ не знае колкаво е неговото европејство. Тој со тоа практично се уште не се соочил. Николиќ оствари некакви контакти кои порано беа незамисливи, но проверката на длабочината на неговото европејство е прашање на денот, не само за Европа, туку и за Србија и за регионот. А тоа допрва ќе го измериме.
Драгољуб Жарковиќ, уредник на неделникот Време.
Поранешниот дипломат и член на Форумот за меѓународни односи Ватрослав Векариќ не е уверен дека Србија сега ќе добие нешто подобро од претходно.
Томислав Николиќ и Борис Тадиќ.
Томислав Николиќ и Борис Тадиќ.

„Се зависи од тоа каква ќе биде владата. Но, сеедно, мислам дека претседателот нема да има толку нагласена улога во меѓународните односи, како што ја имаше досегашниот. Второ, не верувам дека новиот претседател ќе оди кон тоа директно да го кочи европскиот пат. Многу наши внатрешнополитички елементи сами по себе ќе доведат до тоа.“

Политичкиот коменатор Бошко Јакшиќ очекува забавување на европскиот пат на Србија, иако не се сомнева оти Николиќ сепак ќе биде проевропско ориентиреан претседател.
Се зависи од тоа каква ќе биде владата. Но, сеедно, мислам дека претседателот нема да има толку нагласена улога во меѓународните односи, како што ја имаше досегашниот. Второ, не верувам дека новиот претседател ќе оди кон тоа директно да го кочи европскиот пат. Многу наши внатрешнополитички елементи сами по себе ќе доведат до тоа.
Ватрослав Векариќ, поранешен дипломат и член на Форумот за меѓународни односи.

„Мислам дека тој од тоа нема да отстапува, бидејќи тоа би било политичко самоубиство за него. Она што ќе се случува е забавување на процесот на европските интеграции. Најпрвин заради тоа што Брисел најмалку една година ќе го тестира Николиќ. Ако го положи тестот, тогаш ќе има и забрзување.“

Дека допрва ќе биде мерено европејството на Томислав Николиќ се согласува и главниот уредник на неделникот Време Драгољуб Жарковиќ.

„Мое мислење е дека ни самиот Николиќ не знае колкаво е неговото европејство. Тој со тоа практично се уште не се соочил. Николиќ оствари некакви контакти кои порано беа незамисливи, но проверката на длабочината на неговото европејство е прашање на денот, не само за Европа, туку и за Србија и за регионот. А тоа допрва ќе го измериме.“

Жарковиќ додава дека сега следуваат инаугурација, формирање влада, први официјални меѓународни контакти и ставови за регионот кои точно ќе покажат дали Николиќ е проевропски настроен.

Има и такви кои велат дека и доколку се покаже оти тој е помалку Европеец од она што го ветувал, тешко дека ќе може да ја тргне Србија од европскиот пат. Притоа се наведуваат малите ингеренции што ги има шефот на државата во одредувањето на надворешната политика. Тоа според Уставот, колку да изгледаше поинаку во времето на Борис Тадиќ, е во надлежност на владата и парламентот.

„Тоа што Запад можеби има доза на стравување од Николиќ не е потребно да се објаснува. Тој е непозната величина и доаѓа од екстремно националистичка позадина. Но, тој нема маневарски простор нешто и суштински да измени“, уверува британскиот публицист и добар познавач на балканските состојби Тим Џуда.

Според него, ништо не може да се смени со Николиќ како претседател и со Тадиќ како премиер, но притоа, како што додава, во владата да не е Српската напредна партија на Николиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG