Достапни линкови

Неделен печат - Ревизија на историјата и пресметки со опозицијата


Ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Партизаните на чело со Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски пречекани од народот во ослободено Скопје.
Ослободување на Скопје на 13 ноември 1944 година. Партизаните на чело со Методија Андонов Ченто, Димитар Влахов и Михајло Апостолски пречекани од народот во ослободено Скопје.

Неделникот Глобус пишува дека власта сака да ја ревидира поновата македонска историја, а Фокус за пресметките на власта со опозициските лидери.

Глобус - Власта форсира антикомунизам за да се изврши комплетна ревизија на поновата македонска историја
За оваа власт, нормално, приоритет е какви ставови ќе имаме за комунизмот што пропадна пред две децении, наместо целокупната јавност да се концентрира на клучното прашање: како ќе се справиме со постојниот неокомунизам што ни е наметнат од популисти, со наводна демохристијанска провиниенција.
Глобус.

Љубе Бошкоски.
Љубе Бошкоски.
Постојаната колумна „Од дистанца“ во он-лајн магазинот Глобус овојпат само се служи со еден од последните ставови на ВМРО-ДПМНЕ дека им треба време за да направат ревизија на ликот и делото на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Авторот смета дека владејачката партија на чело со Никола Груевски форсира антикомунизам за да се изврши комплетна ревизија на поновата македонска историја и превреднување на настаните од времето по АСНОМ, па и од периодот на преродбата и почетоците на националната борба за слобода. За оваа власт, нормално, приоритет е какви ставови ќе имаме за комунизмот што пропадна пред две децении, наместо целокупната јавност да се концентрира на клучното прашање: како ќе се справиме со постојниот неокомунизам што ни е наметнат од популисти, со наводна демохристијанска провиниенција, заклучува Глобус.
За помалку од една година, Груевци буквално ги препородија речиси сите опозиционери - од политички лидери во криминалци.
Фокус.

Фокус - Сите водачи на опозицијата може да завршат во затвор - Груевски го остварува планот за стогодишна власт

Некако тематски на овој текст во Глобус се надоврзува анализата „Сите водачи на опозицијата може да завршат во затвор - Груевски го остварува планот за стогодишна власт“, во најновиот Фокус. За помалку од една година, пишува авторката на анализата, Груевци буквално ги препородија речиси сите опозиционери - од политички лидери во криминалци. Во текстот се спомнати Бошкоски, Црвенковски, Георгиевски, Ангелов, Манасиевски, Петров, Цановски, Рамковски, па дури и млекарот Душко од Битола кој неодамна кажа дека за три години добил 20 прекршочни и една кривична пријава. Некој е во затвор, друг е со условна казна затвор, трет има само кривична пријава, некој настрада само со парична казна или се спаси со прекршочни тапии. Се уриваа градби со динамит, а има и такви на кои им ја снема партијата. Со ова темпо, на следната годишнина, нема да изненади ако сите бидат во Идризово!, предвидува Фокус.

Капитал - Кризата во која засилено тоне Македонија нема врска со кризата во ЕУ

„Новинарите како ’Кленови на дудинка‘ се залепија на мантрата на министерот Ставрески дека за сегашнава економска криза во Македонија е виновна кризата во Европа - пишува во уводникот неделникот Капитал, анализирајќи ја се' полошата економска состојба во земјава. Па веднаш, вели, почнаа да анализираат како Шпанија и Велика Британија влегле во рецесија, како Франција била пред рецесија, како Грција повторно била пред банкрот. Бре, бре, бре... иронизира Капитал. Кого го заболе за овие земји? Па ние бевме во криза многу пред овие земји да прогласат рецесија. Секој кој малку подетално ја следи економијата јасно му е како бел ден дека кризата во која сега засилено тоне Македонија нема врска со кризата во ЕУ, како што сега се правда Владата. Ова е наша, локално создадена криза предизвикана од лошо менаџирање со екомските приоритети и од лошото менаџирање со јавните пари, завршува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG