Достапни линкови

УБК даде отчет, ама не достaви програма за 2012


Извештаите за ланската работа на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање се најдоа на разгледување пред собраниската комисија која ја надгледува нивната работа.

Извештаите за ланската работа на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање се најдоа на разгледување пред собраниската комисија која ја надгледува нивната работа. Ова е првпат Управата да даде отчет за своето работење. Претседателот на собраниската комисија за надзор на работата на УБК, Горан Минчев рече дека Извештајот доцнел околу месец и половина, а Управата не ја испочитувала и законската обврска која ја има Управата да достави програма за нејзиното работење во 2012-та година. Тој апелираше наскоро програмата да им биде доставена.
Ние како членови на оваа комисија со безбедносни сертификати не знаеме по која програма ќе работи управата за безбедност и контраразузнавање во тековната 2012- година, а се согласувате сите со мене дека денеска е месец мај и мислам дека членовите кои поседуваат безбедносни сертификати за калсифицирани информации треба да го имаат тој документ.
Горан Минчев, Комисија за надзр на работата на УБК.

„Ние како членови на оваа комисија со безбедносни сертификати не знаеме по која програма ќе работи управата за безбедност и контраразузнавање во тековната 2012- година, а се согласувате сите со мене дека денеска е месец мај и мислам дека членовите кои поседуваат безбедносни сертификати за класифицирани информации треба да го имаат тој документ.“

Затоа што информациите кои Комисјата ги разгледуваше на седницата се класифицирани како државна тајна, претседателот на Комисјата Горан Минчев побара таа да биде затворена за јавност, па пропадна можноста јавноста да дознае нешто повеќе за работата на УБК.

Работата на Управата на чии чело се наоѓа Сашо Мијалков за јавноста е мистерија и поради тоа често се врзуваат шпекулации и сомнежи дека телото злоупотребува дел од своите ингеренции, како што е следењето на комуникациите.

Претходно во изјава за Утрински весник , Минчев изјави дека извештајот на Управата има еден куп аномалии.

„Минатата година ни беше ветено дека на цеде ќе ни биде доставен детален приказ за употребата на специјални истражни мерки, но тоа не се случи. Нема јасна слика каде и како се потрошени финансиски средства од буџетот, каков тип на опрема е набавен, во каква постапка и дали се' било во согласност со Законот. Нема финансиски извештај ниту за т.н. специјална каса на Управата“, изјави Минчев.

Собраниската комисија за надзор и досега се соочуваше со проблеми со работата на Управата за безбедност и контраразузнавање која иако е обврзана не доставуаше извештај за работата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG