Достапни линкови

Лошата инфраструктура - лоша и за туризмот


Дебарска Бања.
Дебарска Бања.

Патните правци од Дебар кон Маврово и Струга се во катастрофална состојба, а патната инфраструктура е основа за развој на туризмот, се жали директорот на Дебарски Бањи.

Во општина Дебар локалната и регионалната патна инфраструктура е во многу тешка состојба. Ваквата состојба на патиштата која е присутна последните неколку години е покрај другото голема пречка и за стопанскиот развој. Лошата состојба на патиштата кои имаат големи оштетувања создава проблеми во развојот на бањскиот туризам и покрај фактот што во оваа сфера се вложени големи средства.
За еден брз развој на туризмот основа е патната инфраструктура. Патните правци од Дебар кон Маврово и Струга се во катастрофална состојба. Слична е состојбата и на патот кон граничниот премин Блато и кон Бањиште. И што е ново, овој пат кон Бањите во Бањиште кој беше регионален сега е категоризиран како локален, а познато е дека општина Дебар нема средства да ги санира улиците во градот, а камо ли да инвестира во другите патни правци. Ова не оди во прилог на развојот на туризмот.
Меџит Цапа, директор на „Дебарски Бањи – Цапа“.

„За еден брз развој на туризмот основа е патната инфраструктура. Патните правци од Дебар кон Маврово и Струга се во катастрофална состојба. Слична е состојбата и на патот кон граничниот премин Блато и кон Бањиште. И што е ново, овој пат кон Бањите во Бањиште кој беше регионален сега е категоризиран како локален, а познато е дека општина Дебар нема средства да ги санира улиците во градот, а камо ли да инвестира во другите патни правци. Ова не оди во прилог на развојот на туризмот“, вели Меџит Цапа, домашен инвеститор и директор на приватното претпријатие „Дебарски Бањи – Цапа“.
Меџит Цапа, директор на „Дебарски Бањи – Цапа“.
Меџит Цапа, директор на „Дебарски Бањи – Цапа“.

Според него, инвестирани се над 5 милиони евра по процесот на приватизација за модернизација на капацитетите во двата бањски локалитета на Дебарските Бањи, во селата Бањиште и Косоврасти, поради што е двојно зголемен и бројот на ноќевањата.

„По приватизацијата на „Дебарските Бањи“ во 2004 година, поради големи оштетувања на капацитетите беа вложени многу средства за модернизација на хотелските капацитети, но и модернизација на самите бањи. Поради тоа, од 35 илјади ноќевања колку што имаше тогаш, сега има двојно и повеќе, односно 75 илјади ноќевања. Дуплирани се и висините на платите. Но сепак институциите треба да инвестираат во инфраструктурата.“

Државните институции треба да создаваат простор преку инвестирања во патната инфраструктура, да привлекуваат инвеститори, велат во ова приватно претпријатие и додаваат дека квалитетната вода во овие бањи го зголемува интересот за престојот на бањите, како на домашни така и на странски туристи, поради што е најавена изградба и на нов хотелски капацитет во Бањиште.

И според сопствениците на другите локални фирми во општина Дебар кои имаат бизнис во сферата на производството, транспортот и угостителството, лошата патна инфраструктура им создава огромни проблеми во нивната работа и нивниот развој. Околу оваа состојба реагираше и Регионалната Стопанска комора во Дебар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG