Достапни линкови

Дневен печат - Чудо ли е или луѓе ги чистеле фреските?


Верници од цела Македонија доаѓаат во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија и во редици чекаат да ја видат, како што велат во МПЦ, несекојднеаната појава на самопрочистување на фреските.
Верници од цела Македонија доаѓаат во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија и во редици чекаат да ја видат, како што велат во МПЦ, несекојднеаната појава на самопрочистување на фреските.

Прочистувањето на фреските во црквата Свети Димитрија во Скопје - главна тема во весниците во изминативе неколку дена.

Јавноста во Македонија има уште една тема за расправии по медиумите и социјалните мрежи: „чудото“ или поблаго кажано, “феноменот“ во Св. Димитрија на левата страна на Вардар во Скопје. Додека повеќето електронски и печатени медиуми ја форсираат тезата дека самочистењето на фреските е чудо Господово, оние пореалните насловуваат: дневниот Фокус, на пример, дека „Тоа е уште едно портокалово чудо - додека МПЦ е резервирана, експертите се сомневаат дека тоа е резултат на човечки фактор, а Паско Кузман вели дека експертите не смеат да коментираат чуда?!“.
Тоа е уште едно портокалово чудо - додека МПЦ е резервирана, експертите се сомневаат дека тоа е резултат на човечки фактор, а Паско Кузман вели дека експертите не смеат да коментираат чуда?!
Фокус.

Премиерот Никола Груевски во посета на црквата Свети Димитрија.
Премиерот Никола Груевски во посета на црквата Свети Димитрија.
Весникот Ден пишува дека „Политиката се замеша и во феноменот во Св. Димитрија“, а Утрински објавува текст од еминентниот историчар на уметноста и експерт за фрескосликарство, Коста Балабанов, во кое тој објаснува дека не станува збор за никакво чудо и оти светнувањето на златните површини на фреските е резултат на кондензацијата на водена пареа од зголемената влажност во и околу црквата.

А пропо политиката која во се' се меша, Утрински објавува интервју со Андрис Кестерис, главен советник за медиуми во Директоратот за проширување на ЕУ во кое тој констатира дека „Македонија е политизирана од врвот до дното“.
МНР прави список за вишоци, а вработува нови луѓе.
Дневник.

Дневниот Капитал во наслов објавува: „Борбата со корупцијата стана театар“ и забележува дека фактот што од шесте членови на Антикорупциската комисија кои имаат завршено соодветно високо образование, како правен или економски факултет, никој не се пријавил за нејзин претседател, туку едногласно ја избрале менаџерката по туризам Карабоска, покажува дека во државата никој не сака да се фати во костец со криминалот“.

„Одлета Бугаринот Симеон Радев од покривот на новото МНР“, информира Утрински кој додава дека Владата, поради реакциите во јавноста, ја повлекла одлуката и дека на тоа место е поставена скулптурата на Французинот Жан Моне. За истиот настан, Ден вели: „Уупс, тази Бугарин да ти бил грешка!“.

„МНР прави список за вишоци, а вработува нови луѓе“, насловува Дневник, кој исто така забележува дека наводно општинските пари на Струмица завршувале во касата на СДСМ.

Вечер детално ги следи успесите на министерката Јанкулоска со акцијата „Детонатор“ па еден од текстовите го насловува: „Падна полицискиот врв во источна Македонија“.

Вечер исто така го објавува обвинувањето од Силвана Бонева која изјави дека „СДСМ не сака да расчисти со сопственото минато“, откако оваа опозициска партија се искажа категорично против новиот закон за лустрација со кој, покрај другото, се предвидува имињата на наводните кодоши да се објават веднаш на интернет, уште пред набедените да можат да поднесат жалба на одлуката на Комисијата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG