Достапни линкови

Висока закупнина, диви пазарџии


Диви пазарџии во Куманово.
Диви пазарџии во Куманово.

Комуналните инспектори во Куманово ги отстрануваат дивите пазарџии кои продаваат стока на импровизирани тезги. Закупнината на тезге е 3.000 денари.

Иако во Куманово на двата зелени пазара вкупно има 750 тезги за продажба на земјоделски, градинарски и друг вид прехранбени производи, се уште има граѓани, производители или препродавачи кои се принудени стоката да ја нудат од импровизирани тезги на пешачките патеки. И тоа главно во непосредна близина на пазарите.
Проблем се пазарните денови четврток и недела кога производителите од селата доаѓаат,а кои не се запознаени. Им укажуваме да закупуваат еднодневни тезги, а ние продолжуваме со мерките.
Вера Лазаревска, Општински Инспекторат, Куманово.

Според директорот на локалното јавно претпријатие „Пазаришта“ Фадиљ Шабани, ингеренциите за отстранување на оваа нус појава не е во надлежност на претпријатието. Затоа помош се бара од надлежните институции, од полицијата, пазарните и комуналните инспектори.

Вера Лазаревска од општинскиот Инспекторат во Куманово вели дека од 1 март годинава започнала акција за отстранување на препродавачи надвор од пазарите на ЈП „Пазаришта“.
Фадиљ Шабани, директор на локалното јавно претпријатие „Пазаришта“, Куманово.
Фадиљ Шабани, директор на локалното јавно претпријатие „Пазаришта“, Куманово.

„Комуналните инспектори ги отстрануваат сите оние кои на импровизирани тезги продаваат било каква стока.“

Таа додава дека постои разбирање од граѓаните кои имаат закупени тезги.
За жал со прадажба надвор се намалува закупување. На реонскиот пазар 30 проценти од капацитетот е закупен, а на Зелениот пазар 80 проценти. Закупнината е 3000 денари.
Фадиљ Шабани, ЈП „Пазаришта“.

„Проблем се пазарните денови четврток и недела кога производителите од селата доаѓаат, а кои не се запознаени. Им укажуваме да закупуваат еднодневни тезги, а ние продолжуваме со мерките.“

Небојша Томовиќ вели дека во зимскиот период се намалува или воопшто не постои продажба на диво.

„Со подобрување на временските услови се јавуваат дивите препродавачи, со исклучок на прозиводителите, но има некои кои се препродавачи, кои секојдневно ги гледаме, ги препознаваме бидејќи поминуваме покрај нив.“

РСЕ: Се продава ли од камиони?

„Тука нема простор за паркирање на камиони, иако порано имаше и тоа. Во ек на сезоната има, паркирани буквално на сообраќајницата. Камионите се истовараат и на пешачката зона и се врши продажба. Еве, сега пак почнува.“

Фадиљ Шабани директор на ЈП „Пазаришта“ вели дека само со соработка со надлежните од локалната самоуправа и инспекцијата, може да се надмине проблемот со диви тезгаџии. За нивното отстранување од несоодветни локации за продажба на прехранбените производи во Куманово на големиот Зелен пазар на располагање се 600, а на реонскиот 150 тезги.

„За жал со прадажба надвор се намалува закупување. На реонскиот пазар 30 проценти од капацитетот е закупен, а на Зелениот пазар 80 проценти. Закупнината е 3.000 денари.“

РСЕ: Зошто не закупуваат, скапо ли им е?

„Според нив е скапо, а со последните акции од УЈП тие се немоќни и тезгите да ги платат и да платат даноци во вид на паушал. Корисниците на тезги се најнискиот слој граѓани во општеството.Тие се главно социјални случаи, а со оданочување треба да плаќаат и за здравство. Ако се продолжи со ваква политика ќе ни останат пазарите празни. Освен десет отсто од нив останатите не можат да платат“, вели Шабани.

Пазарџиите без оглед, диви или легални секојдневно во текот на годината времето го поминуваат на пазарот. Нивното работно место е за обезбедување гола егзистенција, а и тоа се потешко им оди.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG