Достапни линкови

Меѓуетничките теми се „топ“ само кога се негативни


Тркалезна маса: „Принципите на инклузивното новинарство во известување за меѓуетнички и меѓурелигиски прашања“ во Скопје, во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавност.
Тркалезна маса: „Принципите на инклузивното новинарство во известување за меѓуетнички и меѓурелигиски прашања“ во Скопје, во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Новинарите заборавиле на новинарските стандарди при известувањето за теми од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер, покажува анализата на Високата школа за новинарство и за односи со јавност.

Медиумите кога известувале за теми од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер заборавиле на некои од новинарсите стандарди, како непристрасно, точно и избалансирано известување.
Гледате дека на телевизиите дури 70 проценти од овие теми, беа меѓу првите 5 во дневникот, што во други периоди на известување ретко се случува. Најголем дел беа најавени во генералната најава како теми на денот. Во печатот над 60 проценти од текстовите беа најавени на насловната страница и отпечатени во првите страници. Ова ни кажува дека овие теми само тогаш кога се негативна вест го привлекуваат вниманието на медиумите.
Снежана Трпевска, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

Иако дел од медиумите се придржувале кон правилно цитирање на изворите на информации, има и такви во кои има недоволно јасни и непрецизни извори, па дури и отсуство на извор на информација. Најмногу простор за овие теми издвојуваат печатот и телевизиите. А, меѓуетничките теми се „топ“ теми само тогаш кога се негативни. Ова се дел од заклучоците на Анализата за медиумското известување за меѓуетнички и меѓурелигиски прашања, што во период од 16-ти јануари до 12-ти февруари го спроведе Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Истражувањето било насочено кон Вевчанскиот карневал и настаните поврзани со него, палењето на македонското знаме, опожарување на цркви, реакции на социјалните мрежи, политичките состаноци после овие настани, Европското првенство во ракомет, промена на имиња на неколку училишта во Чаир, почетокот на изградба на плоштадот Скендер бег, 100-годишнината од албанското знаме, независноста на Албанија, интегрираното образование.

Истражувањето се состои од две компоненти - квантитативна анализа на содржината на медиумите и квалитативна анализа.
Ако како новинар напрвите грешка при известувањето за некои случувања и факти во земјоделството, ќе се извините, ќе направите корекции и ќе продолжите понатаму, но кога известувате за прашања поврзани со меѓуетнички или меѓурелигиски теми, ризикувате да предизвикате конфликт, не само социјален конфликт, не само политички, туки и вооружан конфликт.
Милица Пешиќ, Лондонски Институт за различности во медиумите.

Снежана Трпевска, виш предавач во Школата и една од истражувачите, вели дека за разлика од другите „мирни“ периоди, во периодот кој тие го истражувале, најпрвин за темите од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер речиси немало ништо, но потоа редица настани предизвикале ваквите теми да се најдат високо на агендата на медиумите.

„Гледате дека на телевизиите дури 70 проценти од овие теми, беа меѓу првите 5 во дневникот, што во други периоди на известување ретко се случува. Најголем дел беа најавени во генералната најава како теми на денот. Во печатот, над 60 проценти од текстовите беа најавени на насловната страница и отпечатени во првите страници. Ова ни кажува дека овие теми само тогаш кога се негативна вест го привлекуваат вниманието на медиумите. Радиото условно кажано посвети помалку внимание на овие теми, беа најавени околу половина од прилозите. Онлајн медиумите релативно големо внимание им дадоа на темите, според бројот и обемот на пакетите.“

Игор Мицевски, кој исто така е предавач во Високата школа и истражувач, зборуваше за квалитативната анализа на известувањето за Вевчанскиот карневал. Тој вели дека во известувањето по овие настани се забележани примери на силен етноцентризам, негативна стереотипизација, симптоми на ксенофобија и нетолерантност кон религијата на „другите“ културни групи.

„Во услови во кои имаме инцидент во којшто учествувале поединец или мала група на луѓе, преку медиумот тоа се трансферира како настан којшто бил организиран од Македонците или од Албанците. Ова на очигледен начин го креира тој дискурс кој ги подведува сите под ист означител и тоа прави очигледен општествен проблем.“

Треба да постои одговорно новинарство, посебно кога се работи за вакви теми вели Милица Пешиќ од лондонскиот Институт за различности во медиумите.

„Ако како новинар напрвите грешка при известувањето за некои случувања и факти во земјоделството, ќе се извините, ќе направите корекции и ќе продолжите понатаму, но кога известувате за прашања поврзани со меѓуетнички или меѓурелигиски теми, ризикувате да предизвикате конфликт, не само социјален конфликт, не само политички, туки и вооружан конфликт.“

Во заклучокот на истражувањето се наведува дека новинарите треба да бидат внимателни кога известуваат за чуствителни теми, затоа што тие преку вестите имаат големо влијание врз формирањето и зајакнувањето на ставовите на публиката. Затоа новинарите треба да ги почитуваат професионалните принципи за непристрасно и објективно информирање.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG